6 неоспорливи знаци дека ви дошло време за годишен одмор

6 неоспорливи знаци дека ви дошло време за годишен одмор

Секојдневниот стрес води кон физичко и психичко опаѓање, па затоа и сите ние одвреме-навреме мораме да земаме подолг одмор за да се одмориме и наполниме со енергија. Па, ако ги препознавате следниве 6 знаци и кај вас, тогаш итно ви е потребен одмор!

1. Колегите ве прашуваат дали сте во ред

Луѓето околу вас одамна почнале да забележуваат дека сте под стрес. Вие сте многу нервозни и лесно избувнувате. Па, ако колегите сè почесто ве прашуваат дали е сè во ред со вас или пак, ви велат дека изгледате уморно, тоа е знак дека имате итна потреба од одмор.

2. Често грешите во работата

Хроничниот стрес е еден од најчестите причини за грешки во работата, како и еден од најсигурните знаци дека мора да забавите. Поради уморот ја губите способноста да се фокусирате и не можете целосно да се посветите на работата.

3. Сè ве боли

Грбот, главата, очите, стомакот… кога станува збор за постојано изложување на стрес, целото тело е помалку отпорно на болки, па затоа и почесто ќе ве боли нешто. Ова особено важи за главоболките.

4. Имате проблеми со спиењето

Несоницата или зголемената потреба за сон се знаци за стрес што не смеат да се игнорираат. Понекогаш проблемите едноставно премногу нè преплавуваат па не можеме да заспиеме, а некогаш па толку сме безволни, што би можеле и цел ден да го преспиеме. Ниту една од овие две состојби не е нормална, и двете јасно покажуваат дека ни треба поголем одмор.

5. Не ја поднесувате својата работа

Луѓето што се под голем стрес и притисок ја губат перспективата и не можат да најдат мотивација за работата што ја работат. Тоа не е ништо необично во денешно време кога сите ние сме преоптеретени со обврски. Но, ако работата ви стане неподносливо тешка, тогаш време е за одмор.

6. Имате потреба да се изолирате

Немате волја за дружење со пријателите, ги избегнувате нивните повици или едноставно не сакате да бидете во близина на други луѓе? Сите повремено сакаме време за себе, но ако правите сè од себе за да останете сами, тоа е знак дека сте „предозирани“ со обврски.

Прочитајте ги овие 7 причини зошто ви треба не само летен, туку и психички одмор!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар