6 начини на кои можете да ги стоплите вашите ладни стапала

За некои луѓе, доволно е само да го спомнете зборот „ладно“ и веднаш чувствуваат морници низ целото тело. Токму овие луѓе цела зима ја поминуваат со студени стапала. Најчесто причината за оваа појава е лошата циркулација врз која многу тешко може да се влијае со помош на дебели чорапи и зимски обувки. Но, и покрај сè постојат неколку начини на кои можете да се справите со неа…

6 начини на кои можете да ги стоплите вашите ладни стапала

Ладните стапала не се единствениот знак за лоша циркулација. На неа укажуваат и други промени на телото како грчеви во листовите и прстите по одење, болки во колената и зглобовите, виолетови области на кожата… Оваа состојба настанува поради нарушувањето на работата на потните жлезди, најчесто од некаков вид инфекција или повреда на кожата. Погледнете како можете да ја подобрите вашата циркулација, а со тоа и да се збогувате со вашите студени стапала.

1. Вашите обувки не треба да пропуштаат вода и треба постојано да бидат суви, но најважно од сè е тие да се удобни за да ви овозможат нормална циркулација. Важно е и да ги избегнувате чорапите од синтетички материјал кои поттикнуваат потење на стапалата и потоа нивно ладење поради влажната околина.

2. За вашата крв да може нормално да циркулира, неопходно е да ја пиете препорачаната количина вода. Доколку го држите вашето тело жедно, со тоа и му ја отежнувате циркулацијата. Нормалната циркулација бара околу литар и половина вода дневно, односно 30 милилитри на секој килограм од вашата тежина. Се препорачува да пиете топли напивки, но избегнувајте ги оние со кофеин бидејќи влијаат врз крвните садови.

3. Лукот, маслиновото масло, црното вино и овошјето богато со витамин Ц го подобруваат дотокот на крвта во капиларите. Јаткастите плодови, циметот, ѓумбирот и семките од тиква кои содржат витамин Е, Б3 и ниацин помагаат при „туркањето“ на крвта низ крвните садови.

4. Наполнете два поголеми сада со вода, едниот со топла, а другиот со ладна и наизменично потопувајте ги вашите стапала во нив. Овој метод благотворно делува на циркулацијата и помага при непречено движење на крвта низ крвните садови.

5. Заменете ја вашата купка за бањање со природна и домашно подготвена купка од коприва. Во 5 литри вода потопете еден корен од коприва и неколку листови од коприва и оставете ги да стојат така цела ноќ. Потоа сварете ја течноста, исцедете ја и користете ја како купка чии ефекти се забележуваат уште во периодот од половина час колку што е потребно да ги потопувате вашите стапала.

6.Напивката која ќе го надомести недостатокот на течности во вашето тело и ќе ја подобри циркулацијата на вашето тело е познатиот чај од див костен. Потребни ви се 10 грама исечкан див костен, потопен во 1 литар вода. Загревајте на тивок оган и откако ќе почне да врие почекајте 5 минути и потоа тргнете го. Исцедете го и пијте 3 пати на ден по една шолја чај.

7. Масажата на стапала е одлично решение за подобрување на циркулацијата, но кога немате време за неа можете да побарате побрзо решение. Наполнете едно пластично шише со врела вода, но не до самиот врв и затворете го отворот. Поставете ги вашите стапала со чорапи врз шишето и туркајте го напред-назад со нив.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар