6 ефикасни и практични совети за обновување на косата после сончање

Летото ни носи љубов, авантури, уживања. Но, не може сè да биде совршено. Преголемата жештина доведува до недостаток на влажност којашто покрај на кожата може да се забележи и на она што се смета за украс на една жена – косата. За жал влијанието на УВ зрачењето, сонцето, хлорот и морската сол можат да се споредат со прегорување на косата со различни преси, фен, па дури и хемикалии како што се фарби за коса на кои не можеме да им одолееме.

Негуваната коса има поголеми шанси да се заштити од овие влијание за разлика од онаа која не е негувана. Без оглед на тоа дали се работи за виткана или права, на косата ѝ е потребна дополнителна нега и заздравување.

1. Природните шампони се вистински избор

Најдобро решение да ја заштитите вашата коса од дополнителното исушување и да ѝ помогнете да заздрави е повремено да употребувате бебешки шампон или природен шампон од коприва. Исплакнете ја косата со ладна вода доколку е возможно.

2. Избегнувајте фарбање и бланширање

Секоја дама обожава да има фризура во текот на летните месеци, но да ѝ дозволиме на косата малку да се одмори од хемикалиите со кои ја третираме во текот на годината. Сонцето дополнително негативно влијае на неа па не е потребно да се отежнува ситуацијата со користење тешки фарби. Но, доколку е неопходно да имате свежо фарбана коса послужете се со природни избори односно производи.

3. Паузирајте со апарати наменети за стилизирање

Има ли нешто поромантично од коса испрана со природен шампон на пример, од коприва и сушење без фен? Природно исушената коса и плетенката што можете да ја направите се начини на кои косата ќе оздрави после морето, сонцето или хлорот.

4. Користете препарати со УВ заштита

Задолжително продолжете со употреба на производи за заштита на косата од сонцето. Тие ќе ѝ помогнат. Тоа што не сте повеќе на море или на базен не е причина да заборавите на косата и таа да не се испрска со некој препарат пред миење или излегување на работен состанок во центарот на градот.

5. Исечете ги врвовите на косата

Можеби ќе ви биде жал како на повеќето жени, но косата што се крати редовно расте многу побрзо. Сечењето на косата на секои 4-6 недели по 1 центиметар помага таа да остане здрава и сјајна. Овие денови задолжително е да се исечат краевите после сончањето и изложувањето на морска сол или хлор.

6. Волшебна маска – спас за оштетената коса

Маската на природна база е полн погодок! Производите како сувото масло можат да бидат идеален начин за по природен пат да ја обновите вашата коса. Слободно можете да ја користите неколкупати месечно затоа што не може да ѝ наштети. На вашата коса ќе ѝ подарите здравје и сјај.

Направете си домашен спреј за бујни и долготрајни кадрици за време на најтоплите денови.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив што ја придвижува гласи: „Остани своја и поинаква. Само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар