6 додатоци кои заедно со водата ќе создадат чудо за вашиот дигестивен систем

6 додатоци кои заедно со водата ќе создадат чудо за вашиот дигестивен систем

Чашата обична вода е најдобар сојузник на вашиот организам, а таа може да стане уште поблаготворна доколку ја зачините со лековитите својства на храната наведени во продолжението на овој текст. Ќе добиете супер здрава напивка која ќе го подобри варењето и ќе го прочисти организмот. Оваа моќна напивка можете да ја направите и во шише со вода, кое ќе можете да го понесете со себе на вашето работно место и да ја пиете во текот на целиот ден. Вкусно ќе биде и ако истовремено додадете два зачина, а добри комбинации се: Лимонов сок и цимет, каранфилче и листови нане, сок од лимета и свежа краставица… Дури и вие самите можете да испробате други комбинации по ваш вкус, бидејќи во никој случај нема да згрешите.

1-isprobajte-gi-6-dodatoci-koi-zaedno-so-vodata-kje-sozdadat-chudo-za-vashiot-digestiven-sistem-www.kafepauza.mk_

1. Свежо исцеден лимонов сок или сок од лимета

Лимонот и лиметата се одлични извори на витамин Ц, доста важен антиоксиданс кој помага во неутрализација на слободните радикали во телото. Исто така, тие го прочистуваат телото, односно го подобруваат варењето. Исцедете половина лимон или лимета во едно шише вода.

2. Свежи листови нане

Нането можете и вие самите да го одгледате во вашата градина, на балконот, а ќе порасне и ако го чувате во домот, само ставете го покрај прозорецот за да добива доволно светлина. Нането ги активира жлездите за плунка и дигестивните ензими кои му помагаат на телото да ги апсорбира хранливите материи од храната. Поради своите смирувачки својства помага при проблемите со желудникот.

3. Каранфилче

Освен што помага кај проблемите со дигестивниот систем, успешно се бори и против паразитите кои можат да се најдат во човечкиот организам. Ставете во водата од три до пет цели каранфилчиња и оставете ги малку да отстојат за да ѝ дадат арома на водата. Откако ќе ја испиете водата, можете да го изедете каранфилчето, но внимавајте, бидејќи тоа може да биде луто.

4. Корен од ѓумбир

Ѓумбирот веќе со векови се користи како лек за лошото варење, грчеви, мачнини и гасови. Со тоа ја подобрува циркулацијата и успешно делува против воспаленијата и вирусите. Исечете на коцки парче ѓумбир со големина на палец и додајте го во водата. Исто како и кај каранфилчето, откако ќе ја испиете водата можете да го изедете ѓумбирот, но повторно внимавајте, бидејќи е доста ароматичен.

5. Парчиња свежа краставица

Краставицата на водата ѝ дава фин и свеж вкус, а поради тоа што лебди, ќе можете да ја јадете додека ја пиете водата. Таа помага во отстранувањето на токсините од дигестивниот систем и го снабдува организмот со вода. Не само што содржи антиоксиданси и хранливи влакна, туку и го подобрува произведувањето на инсулин во панкреасот. Исечете свежа краставица на квадратчиња за да можете лесно да ја јадете додека ја пиете водата.

6. Цимет

Тој е одличен лек против габите и вирусите и помага при лошото варење. Ја подобрува циркулацијата, ги разградува маснотиите во текот на варењето и ја регулира гликозата во крвта, така што го забавува времето кое е потребно за храната од желудникот да стигне до тенкото црево. Ставете стапчиња цимет во вода и оставете ги кратко да отстојат за да ја ароматизираат водата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар