6 бои што ќе владеат со светот оваа година

6 бои што ќе владеат со светот оваа година

Минатата година, модниот свет беше преплавен со неутрални нијанси и со некои детали што ја разбија монотонијата на тие нијанси. Сепак, оваа година носи широк спектар на различни тонови на бои, што ќе внесат ведрина во оваа сезона. Ѕирнете во плакарот и проверете дали веќе имате некое парче облека во овие бои.

1. Жалфија зелена

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Easy wearing and always cute! (@bettylane_)

Оваа нијанса ќе биде број еден оваа година бидејќи одговара на сите тонови на кожата и одлично оди со тексас.

2. Чоколадно кафеава

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kezia Rose Cook (@keziacook)

Чоколадно кафеавата нијанса е новата црна и ќе ја има насекаде оваа сезона: од кожени јакни, чизми и патики, до долна облека.

3. Лаванда

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MIASŌ (@miaso_undress)

Во палетата има многу нијанси на виолетова, но бојата на лаванда се истакнува. Лесна, весела и разиграна, таа ги освои сите симпатии, па сè е во боја на лаванда – долна облека, костими за капење, блузи, кошули, додатоци итн.

4. Бледожолта

Бојата на сонцето е премногу интензивна, но оваа нијанса е нежна и многу елегантна. Ако не сте љубител на жолти тонови, секогаш можете барем да ја освежите вашата комбинација со додаток во оваа боја.

5. Портокалова

Оваа боја не треба да има неонски сјај, туку да биде интензивна. Портокаловата боја им одговара на луѓето и со темна и со светла кожа, се носи во пролет и лето, но ќе се носи и кога ќе пристигне сезоната есен/зима 2021/22.

6. Зелена

 

View this post on Instagram

 

A post shared by women.shop.here (@womenblush_com)

Покрај спомената боја на жалфија, оваа година се во мода и други нијанси на зелена боја, како што се бојата на лимета и маслинесто зелените тонови. Овие бои лесно се комбинираат со други нијанси, како и меѓу себе.

Погледнете кои бои на чанти ќе бидат во тренд оваа пролет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар