5 жени, 5 приказни: Како овие „обични“ жени ослабеле и го промениле својот начин на живот?

Ако на вашата листа со новогодишни цели за 2016-та години се наоѓале точки како доведување на телото во форма, промена на начинот на исхрана и губење вишок килограми, тогаш сега е вистинското време да започнете да работите на тоа. За да знаете од каде да почнете, важно е да пронајдете единствена програма која ќе одговара на вашите животни навики, општата здравствена состојба, полот и годините, и која притоа ќе ви даде врвни резултати. Затоа решивме да ги споделиме приказните на овие пет сосема „обични“ жени кои ги изгубиле непотребните килограми на вистинскиот начин.

1-5-zheni-5-prikazni-kako-obichnite-zheni-gi-izgubile-vishokot-kilogrami-i-go-promenile-svojot-nachin-na-zhivot-www.kafepauza.mk_ - Copy

Со помош на видео тренинзи, прилагодени за вежбање во домот

„Два месеци пред почетокот на мојата фитнес приказна, бев на долго и тешко патување во Азија. Покрај постојаното движење имав и крајно нездрава исхрана и тогаш изгледав најлошо во мојот живот. Инаку, секогаш бев многу активна личност и сакав да работам, но заради работата и патувањата дојдов до точка кога повеќе не бев задоволна со себе и својот изглед. Ги пронајдов програмите на Аши Бајнс и Кајла Итсајнс, кои се занимаваа со менталното здравје и филозофијата на здравиот живот. Тие ме научија дека здравиот живот подразбира ментална и емоционална промена.

Мојата фитнес програма се нарекува 28-дневен предизвик и е создадена од Аши Бајнс. Програмата вклучува вежби со објаснување и видео записи, како и план на исхрана. Вежбите во рамките на таа програма траат околу еден час, но кога ќе ја совладате техниката и потезите, тренингот станува малку пократок.

После завршувањето на овој предизвик, забележав огромни промени и сакав да продолжам во истата насока. Го купив водичот за бикини тело од Кајла што беше малку поразлична. Оваа програма се засноваше на утрински прошетки и тренинзи со отпор, кои ги правев три пати неделно. Покрај тренингот со висок интензитет, ја променив и исхраната, која се фокусираше на внесување протеини, како и на соодветни јаглехидрати и масти.

Пред почетокот на првиот тренинг имав 61 килограм, а сега имам 52, што значи дека изгубив 9 килограми! Во текот на овој период забележав огромен пораст на енергија, среќа и самодоверба. Тоа е толку неверојатно чувство и сега повторно го почитувам и го сакам своето тело.“ – Карли, 26

Со помош на крос фит тренинзи

„Се обидов со разни теретани и диети, но ми беше потребна целосна промена на начинот на живот за да успеам да добијам резултати. Сакам скијање, па така кога го открив крос фитот се заљубив во истиот момент во него.

Со помош на своите тренери, почнав да ја менувам својата исхрана, која се засноваше на палео диетата. Во последните година дена изгубив околу 30 килограми и признавам дека тоа го правам побавно, бидејќи сметам дека е подобро да се слабее полека и на долгорочен план. Иако би сакала да ослабам преку ноќ, знам дека оваа опција е многу подобра за здравјето. Благодарение на крос фит тренинзите, моето тело е сега многу посилно!“ – Мелиса, 34

2-5-zheni-5-prikazni-kako-obichnite-zheni-gi-izgubile-vishokot-kilogrami-i-go-promenile-svojot-nachin-na-zhivot-www.kafepauza.mk_ - Copy

Со помош на програмата за слабеење од Џени Крег

„Целиот мој живот имав проблеми со тежината, а како возрасна личност, пред да го добијам првото дете, имав 98 килограми. После третата бременост се обидов да ослабам, но тоа не беше ниту близу до она што ми беше потребно. Се прашував како можев да бидам вака несреќна кога имам три деца и неверојатен сопруг. Тогаш мојата мајка ме охрабри да се придружам на групата на Џени Крег. Бев исплашена и ми беше срам. Особено тогаш кога морав да застанам на вагата и во истиот момент да забележам дека имам 145 килограми. Тогаш навистина сфатив дека треба да се приклучам на програмата.

Еден аспект од програмата на Џени Крег кој беше пресуден за мојот успех е фактот дека имав свој личен консултант за слабеење, кој беше и мој ментор, навивач и наставник, кој ме охрабруваше на мојот пат кон слабеењето. Според програмата имавме точно мени, кое се засноваше на три оброци и три ужини дневно. Притоа, можев да додадам многу зеленчук во својата исхрана, бидејќи тој ми помогна да го скротам гладот во текот на денот.

Изгубив 55 килограми за околу 19 месеци, а мојот живот, во позитивна смисла, многу се промени. Сега станав пример во моето семејство. Од претерано дебела личност, станав здрава.“ – Линди, 29

Со помош на органска исхрана

„Претходно умеев да се здебелам и до 13 килограми над нормалната телесна тежина, од прејадување и лоша исхрана. Верувам дека прекумерната тежина е јасен сигнал дека постои нерамнотежа во телото, умот и навиките, односно дека моето дебелеење едноставно е симптом за некој поголем проблем, кој се крие во коренот на исхраната. Исто така, верувам во схоластичкиот пристап за одржување на здрава телесна тежина. Исхраната е главен дел, но мене при слабеењето ми помогна и јогата.

Покрај тоа, го променив и начинот на исхрана. Сега јадам органска храна. Го избегнувам млекото, брашното, шеќерот и обработената храна. Пијам зелен сок, а секој ден го започнувам со смуди што го приготвувам од домашно незасладено млеко од бадем, зелје, авокадо и бобинки. За ручек обично јадам салата, а денот го завршувам со здрава вечера која ја подготвувам дома.“ – Леа, 34

3-5-zheni-5-prikazni-kako-obichnite-zheni-gi-izgubile-vishokot-kilogrami-i-go-promenile-svojot-nachin-na-zhivot-www.kafepauza.mk_ - Copy

Со помош на кикбокс

„Како што се случува со повеќето луѓе, како што стареев, така и килограмите ми се насобираа. Не бев задоволна со својот физички изглед, но исто така не бев ни среќна. Во минатото користев програмирани вежби за тренинг во домот, брзо одење, тренинг на отпор и кардио вежби, заедно со броење на калориите. Со текот на годините, мојот метаболизам беше сѐ побавен, така што мислам дека сите тие напори го спречија насобирањето на килограмите, но не ми помогнаа да се решам од вишокот.

Затоа решив да се придружам на кикбокс групата за да го ублажам стресот кој се насобираше во мојот живот во изминатите година дена, додека тежината ми беше ставена во втор план. Така слабеењето ми дојде како фантастичен бонус! Предизвикот кој траеше 45 дена ме мотивираше да останам на вистинскиот пат и да го срушам личниот рекорд. Од почетокот на кикбокс програмата изгубив седум килограми за три месеци и потоа ја одржував тежината уште дополнителни четири месеци. Тогаш сфатив дека имам многу повеќе енергија и самодоверба. Исто така, нивото на стрес значително ми се намали и се чувствував толку силно, како да сум способна да се носам со сè во својот живот.“ – Лорен, 36

За да ја исполните вашата одамна зацртана цел во текот на годината којашто ни доаѓа, прочитајте ги овие одлични совети за слабеење од оние кои успеале да се ослободат од вишокот килограми.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар