5 видови стомачиња што не се предизвикани од вишок килограми

Летото се наближува и многу од нас сакаат да изгледаат совршено. Сепак, понекогаш стомачето не се намалува и покрај напорното вежбање. Но дали знаевте дека постојат неколку ситуации кога вашето стомаче не е резултат на вишок килограми? Погледнете за што станува збор…

1. „Љубовни рачки“

(1)5-vidovi-na-stomache-koi-ne-se-predizvikani-od-vishok-kilogrami-kafepauza.mk

Карактеристики:

„Перничиња“ од страните.

Причини:
  • Долго седење
  • Љубов кон благото
  • Често консумирање алкохол
  • Внесување многу шеќер и рафинирани јаглехидрати (колачиња, торти и бел леб) или скробни јаглехидрати (тестенини и ориз)
Како да се ослободите од него?

1. Пијте помалку алкохол. Неколку чаши вино и тоа 3-4 пати неделно водат до „винска половина“ и масни наслаги на страните. Престанете со пиење 2 недели, а потоа, ако сакате, продолжете умерено.

2. Сменете го начинот на исхрана. Избегнувајте диетални продукти и храна со ниска масленост. Свртете се кон јајца, посно месо и зеленчук, како и кон добрите масти, како што се авокадото, јаткастите полодови и рибата.

3. Најдете време за вежбање. Не мора да одите во теретана, долгите прошетки комбинирани со исчекори, чучнувања и обратни склекови се сосема доволно.

Посебни инструкции:

Вежбањето и правилната исхрана се доволни. Тие ќе ви помогнат да го намалите стомачето и ќе ви дадат сила за да продолжите со рутината.

2. Стомаче од стрес

(2)5-vidovi-na-stomache-koi-ne-se-predizvikani-od-vishok-kilogrami-kafepauza.mk

Карактеристики:

Масните наслаги се околу папокот, и стомачето е цврсто.

Причини:
  • Хроничен стрес
  • Често прескокнување оброци
  • Пиење многу кафе
  • Иритирано дебело црево
  • Нездрава храна (солени јатки, чипс и слично)
Како да се ослободите од него?

1. Легнувајте си порано. Кога сте под стрес спиете малку, а тоа го попречува создавањето лептин, хормонот кој е одговорен за регулација на апетитот и метаболизмот.

2. Опуштете се пред спиење со вежби за дишење, топла купка или медитација. Овие корисни навики ќе ви помогнат добро да се наспиете. Ограничете го консумирањето кафе навечер, а во текот на денот немојте да пиете повеќе од 2 шолји.

3. Не го преморувајте телото со вежбање. Интензивните кардио вежби само ќе го покачат нивото на кортизол во вашето тело. Вежбајте јога, одете на долги прошетки, па дури и вежбањето во теретана ќе ве смири, само немојте да претерате.

4. Вклучете магнезиум во вашата исхрана. Магнезиумот е минерал за опуштање и се наоѓа во зелениот зеленчук, јаткастите плодови и пченичните трици.

Посебни инструкции:

Вежбајте јога, истегнувајте се и напијте се чај од камилица пред спиење. Ова ќе го намали нивото на кортизол и ќе му помогне на вашето тело да се смири.

3. Ниско стомаче

(3)5-vidovi-na-stomache-koi-ne-se-predizvikani-od-vishok-kilogrami-kafepauza.mk

Карактеристики:

Слаби сте, но долниот дел од стомачето ви е истакнат.

Причини:
  • Неодамнешна бременост
  • Монотони и заморни вежби во теретана
  • Непроменлива исхрана
  • Искривување на ‘рбетот
Како да се ослободите од него?

1. Здрава исхрана и многу хранливи влакна. Зелениот лисест зеленчук, интегралниот леб и сите останати извори на хранливи влакна се добри за вас.

2. Откажете се од чучнувањата. Веројатно ги правите погрешно, создавате преголем притисок на долниот дел од грбот предизвикувајќи искривување, а со тоа вашето стомаче е уште поизразено. Заменете ги чучнувањата со планк.

3. Подеднакво вежбајте го целото тело наместо да преморувате само еден дел. Обидете се со кружен тренинг, бидејќи на тој начин работите на секоја мускулна група.

Посебни инструкции:

Пијте повеќе вода и јадете храна која лесно се вари и која содржи лесни протеини (риба и пилешко).

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар