5 тешки животни лекции кои нè прават посилни личности

5 тешки животни лекции кои нè прават посилни личности

Никој не може да ги избегне тешките и болни животни искуства. Но, наместо после нив да посакаме да се сокриеме од светот, овие искуства би требало да ги искористиме за наше добро и да научиме од нив. Еве кои пет тешки животни лекции секогаш нè прават уште посилни личности.

1-5-teshki-zhivotni-lekcii-koi-kje-ne-napravat-ushte-posilni-lichnosti-www.kafepauza.mk_

1. Дозволувате другите да одлучат наместо вас

Во некој момент од животот најверојатно ќе имате пријател или член од семејството кој ќе ве наведе да се сомневате во секоја одлука што ќе ја донесете. Во друг момент, можеби воопшто нема да знаете дека донесувате одлуки, а да не се консултирате со одредена личност.

Некое време ќе го трпите ова, можеби и подолго, но во еден момент повеќе нема да можете да поднесете, и тоа е неизбежно. Во тој волшебен момент ќе сфатите дека ви е поважно она што вие го мислите, а не она што го мисли кој било друг. Вашиот инстинкт ќе ве води потполно сами да донесувате правилни одлуки. Ќе научите дека личноста која најдобро знае што сакате и што ви е потребно, сте самите вие.

2. Незадоволство од работното место

Без разлика која е причината за вашето незадоволство од работата, секогаш имате две добри опции, иако во тој момент не ви изгледа така: Можете да дадете отказ или можете да останете и да размислите која работа со задоволство би ја работеле. Давањето отказ ќе има негативна конотација, но токму тој чекор, всушност може да ви даде самодоверба. Зошто? Затоа што самите си велите: „Знам дека заслужувам повеќе од ова!“

Преземањето на одговорноста за сопственото добро може да ве направи посилни, исто како откажувањето од нешто поради кое не се чувствувате исполнети. Само погрижете се да имате финансиска сигурност додека не најдете работа која повеќе ќе ви одговара на вашата личност и вашите животни цели. По лошото искуство на вашето работно место ќе станете свесни за тоа како навистина сакате да ги поминувате вашите денови. И колку повеќе сте свесни за тоа, толку полесно ќе спречите да преземете улога која не е создадена за вас.

3. Раскинување на нездрава љубовна врска

Откако ќе излезете од лоша и нездрава љубовна врска, „присилени“ сте да размислувате за тоа кои сте биле вие навистина во таа врска и дали сакате да продолжите по истиот пат или не. Ако сакате вашата следна љубовна врска да биде поразлична, тогаш морате да го промените сопственото однесување. Единствената работа поради која можете повторно и повторно да влегувате во погрешни љубовни врски е ниската самодоверба.

Ако немате добро мислење за себе, многу веројатно ќе привлекувате луѓе кои ќе ве потценуваат. Тоа е така поради тоа што другите не гледаат и се однесуваат спрема нас така како што се гледаме ние самите. Затоа, запрашајте се со кои делови од сопствената личност треба да се соочите, можеби и да ги залечите, за да добиете нова шанса во љубовта? Пропаднатите љубовни врски кои ќе ве поттикната на таквото самооткривање и менување на сопствениот начин на однесување, на крајот ќе се покажат како вреди лекции кои секогаш на прават посилни личности.

2-5-teshki-zhivotni-lekcii-koi-kje-ne-napravat-ushte-posilni-lichnosti-www.kafepauza.mk_

4. Доживувањето на неуспех

Никој не сака да слушне дека она што го прави не е добро, ниту пак дека е погрешно во работата, и со тоа донел неуспех. Поголемиот дел од нас сакаат својата работа да ја направат совршена и да бидат добри во сè што прават. Тоа е така, бидејќи мислиме дека ако правиме сè совршено, тогаш ќе бидеме заштитени од тешките и болни искуства во животот.

Но, тежнеењето кон совршенството нема да ве заштити од таквите чувства и лекции, и доколку самите себеси не си дозволите неуспех (или се казнувате доколку го доживеете), пропуштате многу. Грешките и неуспесите нè учат како да бидеме подобри во она што го работиме. Нè учат како да бидеме поотворени спрема повратните информации од страна на другите луѓе, кои пак ни помагаат да ги постигнеме сопствените цели полесно и побрзо.

5. Задоволување на луѓето

На многу луѓе поважно им е што мислат другите луѓе, а не што мислат самите тие. Поважно им е да ги усреќат другите, отколку самите себе. Велат „да“ кога всушност сакаат да кажат „не“ и поголемиот дел од тоа што го прават всушност им претставува обврска, бидејќи сето тоа го прават само за да ги задоволат другите. Но, таквите искуства се важни, бидејќи ни откриваат негативен ефект на она што психотерапевтите го нарекуваат „болест за задоволување“. Доколку потребите на другите секогаш ги ставате пред вашите, започнете да го менувате тоа, така што ќе обрнете внимание на тоа како се чувствувате кога правите нешто против ваша волја. Чувствувате напнатост и стрес? Ако одговорот е да, тоа чувство морате да го земете како аларм кој се огласува кога се подготвувате да подлегнете на вашата потреба за да задоволите.

Кога ќе ве обземе тоа чувство, запрашајте се дали навистина тоа е тоа што го сакате во тој момент и доколку одговорот е не, пронајдете начин како да се извлечете од таа ситуација додека не смислите начин како да ги изразите или барем да ги одбраните сопствените потреби. Колку почесто го правите ова, толку посвесни ќе бидете дека вашите желби и потреби се подеднакво важни како и оние на другите луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар