5 свети тревки за чистење на вашиот дух

Горењето тревки е честа практика во многу ритуали за лекување и шамански традиции. Тоа е начин на прочистување на просторот или некоја личност од негативна енергија и негативни влијанија. Аромата која ја испуштаат некои растенија има енергија со висока вибрација која ги штити и физичкото и духовното тело. Погледнете некои од најчестите свети тревки кои се користат за прочистување и за чистење на негативната енергија.

1. Жалфија

SONY DSC

Жалфија потекнува од латинскиот збор „salvare“ кој значи „лекува“. Исушената жалфија се користела во шаманските церемонии многу долг период со цел да го заштити и исчисти светиот простор, како и луѓето кои учествуваат во церемонијата. Се верува дека секој конфликт, гнев, болест или зло се апсорбира во чадот од жалфијата од енергетското поле на личноста. Чадот од жалфијата обично го менува јонскиот состав на воздухот и може да има директен ефект на намалување на стресот.

Можете да горите суви листови од жалфија, или пак да запалите миризливо стапче пред да започнете ваш личен ритуал или медитација. Шаманите често користат жалфија и за да ги повикаат древните духови. Жалфијата ја враќа рамнотежата на чакрите, ја зголемува релаксираноста за време на медитација и ги отстранува психичките и емоционалните трауми. Често листовите жалфија се расфрлани на подот во сауни, или пак се замотуваат околу свети предмети, како на пример церемонијално луле. Користењето ливчиња од жалфија во чај помага при смирување, фокусирање и насочување на умот.

2. Слатка трева

(2)10-trevki-za-chistenje-na-vashiot-duh-kafepauza.mk

Слатката трева се гори заедно со жалфија со цел да се повикаат добрите духови на мирот и љубовта откако биле истерани лошите. Оваа тревка е една од 4-те свети лекови за северните Индијанци. Останатите 3 се тутун, жалфија и кедар. Индијанците ја сметаат оваа тревка за косата на мајка природа, а нејзината пријатна арома е потсетник за нежноста, љубовта и добрината која таа ги има за нас.

Токму поради ова Индијанците ја плетат во плетенка со 3 нишки кои ги претставуваат љубовта, нежноста и добрината. Слатката трева се гори за време на многу свети церемонии и се користи за ритуали за лекување, заштита од духови и заштита од зло. Чајот од оваа тревка исто така има лекувачки ефект. Се користи за кашлица, повраќање, болно грло и крвавење.

3. Кедар

(3)10-trevki-za-chistenje-na-vashiot-duh-kafepauza.mk

И кедарот ја „брка“ негативната енергија и носи добро влијание. Кога се гори, кедарот има улога на прочистувач. Тој ја чисти просторијата во која е запален и емитува пријатна арома. Оваа тревка често се фрла во логорски огнови за да прочисти поголем простор. Исто така гранките од кедар се користат и во сауни.

Се верува дека кедарот има позитивно влијание на јасновидството, го оживува изморениот ум, тело и дух, и штити од болести. Кедарот се користи и за правење масла за воспалени мускули и настинки. Кога се меша со жалфија или чај, тој го чисти телото од инфекции. Исто така купките со кедар имаат многу добро лекувачко својство.

4. Пало Санто (свето дрво)

(4)10-trevki-za-chistenje-na-vashiot-duh-kafepauza.mk

Светото дрво се користи во церемониите за да ја задржи енергијата чиста. Ова е мистично дрво кое расте на брегот на Јужна Америка. Во превод од шпански, името Пало Санто значи свето дрво. Ова дрво се користи за настинка, грип, стрес, астма, главоболка, анксиозност, депресија, воспаление, емоционална болка и многу други работи.

5. Копал

(5)10-trevki-za-chistenje-na-vashiot-duh-kafepauza.mk

Копалот долго бил користен како темјан од Маите и Ацтеките. Копалот е всушност смола од дрво која е слатка, лута, земјена и дрвенеста. Ацтеките го гореле копалот во нивните храмови за време на церемонии, како и во нивните сауни. Маите го користеле како храна за боговите. Чадот од копал може да се користи за заштита и чистење на телото, како и за просветлување.

Кога се двоумите кои растенија да ги користите, одберете ги оние кои најмногу ви одговараат и оние со кои можете да се израмните на енергетско ниво. Исто така обидете се да покажете и благодарност кон нив. Без разлика дали го подготвувате вашето место за медитација и лекување, или пак само сакате да се опуштите и да го намалите стресот, користењето свети тревки е одлично за вашите тело и дух.

Погледнете ги и овие начини на прочистување на вашата душа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар