5 секс пози што ќе ви ја зголемат енергијата

5 секс пози што ќе ви ја зголемат енергијата

Најчесто луѓето одбираат секс пози што ќе им овозможат навистина да се поврзат со партнерот и ги практикуваат на крајот од денот, обично пред спиење. Но, сексот не мора секогаш да ви ја истроши енергијата, напротив! Постојат секс пози што можат да ви ја зголемат енергијата. Можете да ги практикувате на средината од денот или наутро веднаш штом се разбудите. Долгото и исцрпувачко водење љубов заменете го со секс набрзина што ќе ви пружи задоволство и истовремено ќе ве наполни со енергија. Ова се секс позите што треба ги пробате уште денес…

1. Обратна каубојка

5 секс пози што ќе ви ја зголемат енергијата

Како да ја изведете? „Јавнете“ го партнерот така што ќе бидете свртени кон неговите стапала и благо наведнете се надолу. Можете да се лизгате нанапред или наназад, но погрижете се да ви биде удобно и на двајцата.

Зошто ќе ви ја зголеми енергијата? Оваа поза ќе направи да се чувствувате како вистинска ѕвезда! Употребете ги рацете за да си играте со клиторисот и поврзете се со вашата скриена божица. По оваа поза ќе бидете подготвени да го освоите светот.

2. Кучешка поза

5 секс пози што ќе ви ја зголемат енергијата

Како да ја изведете? Клекнете на колена и потпрете се со рацете. Раширете ги нозете за вашиот партнер да може да клекне помеѓу нив. Пробувајте различни висини и спуштете се на лактите, ако така ви е поудобно. Не заборавајте дека можете да ја искористите раката за да си ги допирате градите или клиторисот. Опциите се неограничени!

Зошто ќе ви ја зголеми енергијата? Станува збор за животинска поза која со сигурност ќе ви го разбуди инстинктот и ќе ви го покачи адреналинот.

3. На столче

5 секс пози што ќе ви ја зголемат енергијата

Како да ја изведете? Додека вашиот партнер седи на столче, „јавнете“ го и спуштете се малку надолу. За да бидете поинтимни, свртете се со лицето кон него, но можете и да ја свртите главата на страна и да се свиткате наназад, што е исто толку секси.

Зошто ќе ви ја зголеми енергијата? Не мора воопшто да легнувате на кревет. Оваа поза е совршена за секс набрзина во секое време и на секое место. Не мора ни да бидете во вашата соба, што ќе ви даде чувство на опасност и ќе ве подготви за претстојниот ден.

4. Куче со три нозе

5 секс пози што ќе ви ја зголемат енергијата

Како да ја изведете? Застанете во близина на ѕид или кревет во случај да изгубите рамнотежа и потоа полека кренете ја едната нога и ставете ја околу колкот на вашиот партнер. Вие диктирајте го темпото и слободно користете лубриканти.

Зошто ќе ви ја зголеми енергијата? И оваа поза ќе можете да ја изведете каде било. Освен тоа, ќе се чувствувате многу моќни поради тоа што сте успеале да имате секс стоејќи. Станува збор за многу интимна и интензивна поза што ќе ви ја даде потребната сила за да се соочите со секојдневните предизвици.

5. Малку поинаква мисионерска поза

5 секс пози што ќе ви ја зголемат енергијата

Како да ја изведете? Многу е слична на традиционалната мисионерска поза, но вашите колкови треба да се спуштени надолу, додека колковите на партнерот треба да се поставени повисоко од вашите. Завиткајте ги вашите нозе околу неговите колкови и на тој начин ќе си овозможите подобра стимулација на клиторисот.

Зошто ќе ви ја зголеми енергијата? Со оглед на тоа што оваа поза е одлична за доживување оргазам, ќе ви го подобри расположението и ќе ви помогне да го почнете денот со позитивни мисли. Освен тоа, многу е интимна и овозможува длабока пенетрација поради што ќе почувствувате вистинска поврзаност со партнерот.

Сексот може да ви ја зголеми енергијата на многу различни начини, па затоа не треба да го прескокнувате дури ни тогаш кога сте уморни. Ако најдете време за водење љубов наутро или напладне, ќе забележите дека целиот ден ќе ви биде многу поубав и попозитивен.

Погледнете ги и следниве 9 секс пози кои ќе ви помогнат да се заљубите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар