5 работи што се неопходни за долга и среќна љубов

5 работи што се неопходни за долга и среќна љубов

Сигурно не постои рецепт за среќна врска, но постојат некои работи без кои врската не би успеала. Доколку сакате да дознаете дали вашата врска има потенцијал, размислете дали ги има следниве 5 нешта.

5 работи што се неопходни за долга и среќна љубов

1. Слични особини

Веројатно сте слушнале дека спротивностите се привлекуваат, но ако гледате на долгорочен план, потребно е да имате некои сличности со партнерот. Односно, потребно е да делите одредени ставови и погледи за животот. Сепак, доколку сте различни, не значи дека вашата врска е осудена на пропаст. Најважно е да наоѓате компромис и меѓусебно да се надополнувате.

2. Сексуална компатибилност

Доколку сте компатибилни и уживате во интимноста, сè друго може да функционира. Без сексуална компатибилност, врската ќе страда, без разлика колку добро се согласувате во другите области.

3. Познавање себеси

Доколку не се познавате самите себе, тешко дека ќе знаете што сакате. А кога не знаете што сакате, на партнерот му станува потешко да ги исполни вашите желби и потреби.

4. Доверба

Довербата е темел на секој меѓучовечки однос, како и на секоја романтична врска. Изневерената доверба го нарушува односот помеѓу партнерите, а понекогаш се потребни години за одново да се изгради.

5. Ментална стимулација

Личноста со којашто сте во врска треба да има позитивно влијание врз вас и да ве поттикнува од себе да го извадите најдоброто. Менталната стимулација е навистина важна, а партнерите кои се тераат да размислуваат имаат многу поквалитетна врска и подлабок однос за разлика од другите.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте во среќна и здрава врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар