5 работи што љубовните парови никако не смеат да ги објавуваат на социјалните мрежи

5 работи што љубовните парови никако не смеат да ги објавуваат на социјалните мрежи

Љубовта секогаш треба да се покажува, но најдобро е тоа да се прави на само или во најблискиот круг на пријатели. Вашата љубов не треба да им ја покажувате на илјадници луѓе од кои добар дел воопшто не ги ни познавате. Паровите во врска или брак мора да имаат мерка кога станува збор за споделување приватни работи на социјалните мрежи. Доколку сте во врска, ви советуваме да заборавите на следниве 5 објави…

5 работи што љубовните парови никако не смеат да ги објавуваат на социјалните мрежи

1. Долги роденденски пораки полни со изливи на љубов

Нормално дека сакате да ѝ посакате најсреќен роденден на саканата личност и да ја покажете вашата љубов. Но, најдобро е тоа да го направите во четири очи. Долгите роденденски честитки полни со изливи на љубов треба да ги одбегнувате на социјалните мрежи, бидејќи поголемиот дел од вашиот приватен живот би требало навистина да остане приватен.

2. Одбројување на деновите или месеците до вашата венчавка

Разбирливо е тоа што сте пресреќни и возбудени поради свршувачката со вашата сакана личност. Кој не би бил?! Човечки е и тоа што сакате да ја споделите среќата со целиот свет, но тоа не значи дека треба го откриете секој можен детаљ, како што е одбројувањето на месеците или деновите до свадбата. Откако ќе се венчате, во ред е да го промените вашиот статус на Фејсбук, но слаткото исчекување на денот кога ќе го кажете судбоносното „Да“ оставете го за себе.

3. Објавување фотографии на кои вашиот сакан или сакана не се целосно облечени

Дали навистина сакате да го рекламирате вашиот партнер и на целиот свет да му покажете колку е секси? Ваквиот потег може да се протолкува како обид да си означите територија и да се фалите со вашето згодно момче или девојка. Објавувањето фотографии на кои вашата сакана личност не е целосно облечена придружени со пофални зборови и срца е непотребно и непримерно.

4. Водење какви било пасивно-агресивни караници

Колку и да сте лути поради однесувањето на вашиот партнер, сите ваши проблеми би требало да ги решавате зад затворени врати, а не да ги споделувате со целиот виртуелен свет. Навистина е глупаво да вмешате стотици луѓе во вашите расправии. Немојте да оставате пасивно-агресивни коментари на фотографиите на вашиот сакан или сакана и да ги критикувате на Фејсбук без да ставите смајли или на некој друг начин да покажете дека се шегувате. Ова не е во ред ни спрема вашите заеднички пријатели на Фејсбук, бидејќи така и нив би можеле да ги ставите во непријатна ситуација.

5. Објави поврзани со раскинувањето

Љубовните врски треба да бидат приватни, а тоа го подразбира и евентуалното раскинување. Прекинот на врската секогаш предизвикува болка и разочарување, но никако не смеете да пишувате објави за тоа како конечно сте се ослободиле од нешто токсично. Постои причина зошто имате блиски пријатели. Оставете ги таквите приказни за нив.

Прочитајте и зошто среќните парови не ја споделуваат нивната љубов на социјалните мрежи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар