5 производи за нега на кожа кои не треба да се користат за време на студените денови

5 производи за нега на кожа кои не треба да се користат за време на студените денови

Кога ќе се разбудите утрото и ќе видите дека летната влага е заменета со свежиот и ладен мирис на есента, тоа покажува дека сезоните официјално се менуваат. Важно е да знаете дека ова не е знак дека треба само да ја смените облеката од плакарот, но исто така и дека е време да ја подобрите вашата нега на кожата.

5 производи за нега на кожа кои не треба да се користат за време на студените денови

Промените во воздухот што се случуваат во овој период ја дехидрираат кожата, така што треба да ја хидрирате што е можно повеќе бидејќи може да се случи да се наруши нејзината pH вредност. Кога тоа ќе се случи, клетките на кожата, кои нормално стојат цврсто една до друга, ќе почнат да се одделуваат. Ова предизвикува влагата да излезе од вашата кожа побрзо и да стане „влез“ за патогени микроорганизми како што се бактериите.

Со ваквите промени во времето, кожата станува почувствителна и подложна на реакции на одредени состојки. Ова е причината зошто е важно да ги избегнувате тие состојки, бидејќи тие можат значително да ги влошат работите. Прочитајте подолу од кои производи треба да се откажете.

1. Тоници со алкохол

Иако некои тоници се направени од навлажнувачки состојки и може да се користат во зима, оставете ги сите на база на алкохол на полицата да чекаат подобри времиња. Тониците обично имаат изопропил или етил алкохол и ќе ја исчистат кожата, но таа ќе стане почувствителна, особено во зимските денови. Тоникот со хијалуронска киселина или ниацинамид ќе и помогнат на вашата кожа во овој период.

2. Глинени маски

Многу луѓе користат маски од глина за детоксикација на кожата, но тие дополнително ќе ја исушат и иритираат кожата во овој период од годината, па затоа треба да се откажете од нивното користење. Наместо тоа, можете да ја замените вашата маска од глина со навлажнувачки состојки, како што е маската од краставица.

3. Ретиноиди

Се препорачува умерена употреба на ретиноиди. Прво измијте го лицето, а потоа почекајте 30 минути пред да нанесете за да бидете сигурни дека кожата е целосно сува. Користете ги многу малку, односно еднаш или двапати неделно. Не заборавајте да нанесете еден слој навлажнувачки крем пред и по ретиноидите, бидејќи тоа и дава на кожата дополнителна заштита.

4. Мириси и есенцијални масла

Иако вашата кожа можеби нема проблеми со миризливи производи за време на потоплите месеци, тие одеднаш можат да предизвикаат иритација и чувствителност, дури и кај луѓе кои всушност можат да ги толерираат поголемиот дел од годината. Проверете ја етикетата за мириси, есенцијални масла, парфеми и слично. Доколку имате ваков производ, препорачливо е да го користите што е можно помалку.

5. Состојки за акни

Бидете внимателни со работи како салицилна киселина или бензоил пероксид. Ако имате дамки или сте склони кон акни, можеби ќе треба да ги замените состојките што ги користите. Во овој случај, ниацинамидот може да помогне во намалување на воспалението и темните дамки.

Прочитајте и кои 7 грешки во негата на кожата може да ви создадат акни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар