5 природни состојки што НИКОГАШ не треба да ги ставате на вашето лице

Во последно време изгледа сите се водат според непишаното правило: „Ако доаѓа од растение или од вашиот фрижидер, тогаш може да се стави и на лицето.“ На крајот од краиштата, ако е сигурно за јадење, тогаш зошто да не би било сигурно и за надворешна употреба? Одговорот ќе ве изненади. Само затоа што го цедите лимонот во водата, а зобната каша ја јадете со цимет, не значи и дека тие состојки ќе го претворат вашиот тен како оној од насловните страни. Време е некои домашни рецепти засекогаш да ги фрлите во заборав.

1-5-prirodni-sostojki-koi-nikogash-ne-bi-trebalo-da-gi-stavite-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_

1. Сок од лимон

Можеби сте слушнале дека лимоновиот сок слободно можете да го користите како тонер, третман против акни или за отстранување на темни дамки на кожата. Време е да престанете да верувате во овој совет!

„Лимонот е киселина која може да ја промени pH вредноста на кожата, да го уништи заштитниот слој, да предизвика воспаление или иритација, па дури и да создаде белези“, вели д-р Мона Гохара, дерматолог.

Освен тоа, сокот од лимон може да поттикне поголема чувствителност на УВ зраците што значи дека вашата кожа побрзо и полесно ќе страда на сонцето. Кратко и јасно – лимонот го сакаме само во лимонадите и салатите.

2. Мајонез

Сте слушнале дека мајонезот е супер работа за сувата кожа која се лупи? Држете се до вашата хидратантна крема. Иако директно не ѝ штети на кожата, мајонезот брзо ќе ги зачепи порите, а тоа е последната работа што ја посакувате доколку вашата кожа е склона кон акни. Всушност, оваа комбинација од масло и јајца ќе биде совршен рецепт за мозолчиња.

2-5-prirodni-sostojki-koi-nikogash-ne-bi-trebalo-da-gi-stavite-na-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_

3. Алкохол

Ако вашата кожа е мрсна или комбинирана, веројатно мислите дека триењето со алкохол ќе биде совршено решение за чиста кожа. Сепак, алкохолот е премногу агресивен за вашето лице.

„Со триењето алкохол ќе ги отстраните есенцијалните липиди, протеини и масти кои го штитат заштитниот слој на кожата, па така вашата кожа ќе стане слаба и склона кон воспаленија“, објаснува Гохара.

4. Сода бикарбона

Можеби сте слушнале и за фантастичната мешавина од сода бикарбона и мед како совршен борец против акните, односно како одличен природен пилинг. Гохара советува да го заборавите и овој домашен рецепт. Бидејќи содата бикарбона (која е алкална) ја менува pH вредноста на кожата, ова би можело дополнително да го оштети горниот слој на кожата оставајќи ја отворена за бактерии и останати нечистотии. Сакате црвена, иритирана, па дури и изгорена кожа? Така и си мислевме.

5. Сирови јајца

Некои луѓе за затворање на порите предлагаат маска за лице од белка. Можеби дури и после пробувањето ќе си помислите: „Еј, па ова навистина делува“. Сепак проблемот лежи во последиците кои таа ги остава зад себе. Всушност, сировите јајца содржат бактерија салмонела која може да предизвика труење со храна. Дури 80% од случаите на болести кои се поврзани со храната во текот на една година водат до јајцата заразени со салмонела. Затоа можеби би било паметно сировите јајца да ги држите надвор од дометот на устата.

Ве советуваме да заборавите на овие начини за чистење на лицето, бидејќи со нив само ја оштетувате кожата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар