5 причини за доцнење на менструацијата

Различни заболувања, начинот и квалитетот на животот може да бидат значајни фактори кои го нарушуваат месечниот циклус, но она што е важно е да знаете кога е тоа сосема нормално, а кога треба да се обратите кај вашиот гинеколог.

5-prichini-za-docnenje-na-menstruacijata-kafepauza.mk

Имајте на ум дека бременоста не е единствената причина менструацијата да ви задоцни или дури и сосема да го прескокне циклусот.

1. Нагло губење на тежината и екстремно вежбање

Ако нагло сте изгубиле многу килограми, постои можност вашиот циклус да се наруши или помести за неколку дена. Истото важи и за оние кои наеднаш се препуштаат на екстремно вежбање. Во тој случај менструацијата доцни бидејќи тоа е еволутивен начин на заштита на женското тело од можноста да забремени во моменти на голем напор и стрес.

2. Контрацептивни средства

Отсуството на вашата редовна менструација може да биде и нуспојава од користењето на контрацептивни средства како што се таблетите, инјекциите и спиралите. Гинеколозите напоменуваат дека изостанувањето на менструацијата во контролирани услови понекогаш е добра работа и дека не треба да дигате паника доколку лекарот ви каже дека тоа е во ред.

3. Стрес

На доцнење на менструацијата може да влијаат и трауматични искуства како смрт или болест на блиска личност, раскинување на врска, селење или губење на работата. Големиот стрес влијае на хипоталамусот, делот од мозокот кој регулира голем дел од хормоните во телото, помеѓу останато и менструалниот циклус.

4. Прерана менопауза

Кога жените помлади од 40 години имаат проблем со хормоналната рамнотежа, подлабоката причина за тоа може да биде прераната менопауза. Заедно со изостанатата менструација, симптомите вклучуваат напади на жешко, ноќно потење и сувост на вагината.

5. Болести

Ако не сте бремени и не можете да си објасните зошто не ви дошла менструацијата поради која било од наведените начини, посетете гинеколог. Недоаѓањето и доцнењето на менструацијата може да биде поврзано и со болести како што се полицистичните јајници, целијакија или проблеми со тироидната жлезда.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар