5 причини поради кои треба да ставите себеси на прво место

Ваше тело, ваше здравје, ваш живот, па ако вие не се ставите себеси на прво место, никој друг нема да го направи тоа за вас. Кога ќе решите дека ништо не е поважно од тоа да се сакате себеси, а тоа единствено го можете кога ќе се прифатите такви какви што сте, само тогаш конечно ќе го чувствувате она слатко задоволство и потполна исполнетост поради што сѐ останато ќе почне да има смисла. Следниве работи се причината зошто е крајно време да почнете да мислите на себе.

(1)-5-prichini-poradi-koi-treba-da-se-stavite-sebesi-na-prvo-mesto-kafepauza.mk

1. Работата може да чека

Кога сте постојано зафатени и не си давате време да здивнете ни 5 минути, вашите тело и мозок се заморуваат многу повеќе отколку кога свежи ги извршувате работните обврски. Со други зборови, и вие и вашата работа патите и ги трпите последиците на вашето неумеење да одвоите време за себе. Факт е дека кога сте добро одморени, не само што ќе бидете позитивни и креативни, туку и ќе бидете способни многу побрзо и поефикасно да ги завршите вашите работни задачи. Ценете ги вашето време и здравје, ставете ги телефонот и компјутерот на страна и добро одморете се.

2. Здравјето ви зависи од тоа

Сигурно сте забележале дека скоро секоја бурна недела, во која (што би се рекло) не сте имале време да се погледнете во огледало, резултира во викенд кога лежите болни во кревет. Работејќи напорно и прекувремено, потоа завршувајќи ги сите оние работи кои не можат да чекаат и поминувајќи го по кафулиња она малку слободно време кое ви останува не е добро за вас. За да бидете здрави на вашето тело му се потребни одмор, нега и здрава исхрана, а најмноогу мир и што поретки стресни ситуации. Не си го одземајте тоа свесно.

3. Вашата врска ќе биде подобра од кога било

Кога сте вие задоволни со себе, тоа задоволство зрачи насекаде. Вашиот партнер го чувствува тоа бидејќи кога вие се чувствувате убаво, тогаш сте позитивни и насмеани и сѐ си е некако на свое место. Тоа се одразува само позитивно на врската, а ќе се случи кога ќе си бидете самите себе приоритет. Кога ќе си дадете време за себе, му давате и на партнерот време за него, а кога сте одморени и расположени сигурно сте многу позабавни отколку кога се нервирате и лутите за сѐ и сешто.

4. Ќе им ги скратите секирациите на семејството и пријателите

Заморот и недоволната грижа за себе ви се одразуваат на секоја црта на вашето лице и во секое движење кое го правите. А кога луѓето кои ви мислат само најдобро ве гледаат такви, тогаш не постои збор на светот кој ќе ги смири и расположи. Но кога за промена ќе бидете свежи и одморени, а со тоа и среќни, тогаш вашите блиски нема да се секираат толку за вас. А ако претходно пријателите ве избегнуваа поради секогаш намќорестото лице и уморните погледи и коментари, сега ќе бидете сигурно поубаво и повесело друштво.

5. Ќе созреете и процветате

Ќе се смеете повеќе, ќе си дадете шанса да уживате повеќе и конечно ќе сфатите што навистина вреди во животот. Ќе бидете здрави и подготвени за што и да ви се испречи на патот, тоа ќе влијае на вашата ефикасност и продуктивност, како и на надминувањето на сите стравови чекор по чекор. А најубавото во врска со тоа е што целосно имате право да се чувствувате така: среќни и исполнети.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар