5 правила за депилација кои гарантираат совршена бикини зона

Во летните месеци бикини зоната доаѓа на високо место на листата со приоритети кога станува збор за негата на телото. Ако сте ја занемариле во текот на зимскиот период, особено е важно да обрнете повеќе внимание сега, и тоа не само на самата депилацијата, туку и на она што го правите или не го правите помеѓу два третмани, со цел да ги избегнете појавите како иритација, црвенило и непосакувано растење.

5-pravila-za-depilacija-koi-garantiraat-sovrshena-bikini-zona-kafepauza.mk

1. Колку често треба да се оди на депилација?

Влакната не им растат на сите со иста брзина, па затоа не постои точно одреден период за депилација. Ако сте биле првпат на депилација (со восок или со шеќерна паста), или пак не сте се депилирале подолго време, еден дел од влакната ќе пораснат под површинскиот слој на кожата и делуваат како да само што не се пробиле. Но, ако веќе сте биле на неколку последователни третмани, се препорачува да се депилирате на секои 3-4 недели.

2. Бричењето предизвикува раст на дебели и цврсти влакна

Дали смеете да се бричите после депилација со восок? Одговорот е „да“. Но, тоа ќе ве врати чекор назад, бидејќи после бричење влакната никнуваат подебели и поцврсти. Затоа, доколку можете, подобро стрпете се до следната депилација. Ако одите редовно на депилација со восок или со шеќерна паста, со време ќе можете да ја забележите промената во текстурата на влакната, нивната боја и количина.

3. Дали се чупате?

Некои жени се опседнати со чупалицата. Мораат да го скубнат секое влакно што ќе го забележат. Навистина е полесно да ги исчупате преостанатите влакна после депилација кои скоро безболно се вадат, но чупањето исто така ве враќа назад. Влакната на телото растат во фази. После депилирање, вашето тело го регистрира недостатокот на влакна кои подоцна почнуваат повторно да растат. Но, ако ги чупате новоизраснатите влакна, тие нема да растат со еднаква брзина. Во тој случај не се чудете ако после депилацијата влакната почнат да ви растат побргу одошто претходниот пат. Затоа, воздржете се од чупање меѓу два третмани, бидејќи ни со најсовршената депилација нема да добиете совршено издепилирано тело без ниедно влакно.

4. После депилација на бикини зоната – пилинг!

Не плашете се од пилингот после депилација на бикини зоната. Секако дека не треба интензивно да го триете тој дел од телото, но со благ и редовен пилинг во периодот помеѓу депилациските третмани можете да направите многу за негата на вашата бикини зона. Ако имате масна кожа, 2-3 пати неделно посегнете по пилинг на база на сол, додека за нормална или сува кожа се препорачува пилинг на база на шеќер.

5. Хидратација на кожата

Постојат разни хидратантни креми збогатени со витамини за нега на кожата после депилација. Најдобро е да ја одберете таква која нема да ви ги затвори порите. Хидратантната крема е многу важна, бидејќи освен што ја прави кожата мека и здрава, го оневозможува растот на влакната.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар