5 нешта од кои секој фраер се откажува за вистинската девојка

5 нешта од кои секој фраер се откажува за вистинската девојка

Стабилниот и сигурен маж има моќ да ѝ даде на жената љубов, почитување и поддршка, додека паралелно се откажува од одредени нешта или навики кои го спречуваат во тоа. Секако, тој со ова откажување ништо не губи, баш напротив, добива многу. Тој не би можел да ја искуси вистинската среќа во врската доколку продолжи да се однесува на истиот начин како кога е сингл. Па, откријте од што се откажуваат мажите кога вистинската жена ќе влезе во нивниот живот…

5 нешта од кои секој фраер се откажува за вистинската девојка

1. Своето его. Машкото его е најсилно кога тие се во своите 20-ти години и сингл, но тоа таму треба и да остане. Со годините доаѓа и свесноста дека никој не е совршен и дека имаме уште многу да научиме, па токму затоа и мажите се поотворени на нови перспективи и различен поглед кон светот кога ќе започнат врска со вистинската жена.

2. Потребата да бидат секогаш во право. Малите расправии и караници не се ништо чудно. Но, во тие ситуации партнерите мора да бидат флексибилни и подготвени на компромис. Доколку едниот од нив не е подготвен да го сослуша мислењето на другиот, тогаш ќе настане огромен проблем помеѓу нив.

3. Незрелоста. Аверзијата кон романсата и склоноста да се избегнуваат обврските можеби успевала кога тие биле сингл, но кога ги градат темелите за иднината покрај зрела жена, тие едноставно мора да го прилагодат својот пристап. Успешните парови растат и созреваат заедно, како тим.

4. Краткорочното размислување. Во младите денови момците живеат од ден за ден, но кога во нивниот живот ќе влета жена „со мисија“, тогаш и тие мора да почнат да размислуваат на долг план. Жените знаат колку е тешко да го планираат животот со личност која нема никакви планови за себе, па затоа и ќе го одберат оној маж кој ги поддржува нивните цели, но кои истовремено има и свои.

5. Лошите навики. Без разлика дали станува збор за претерано пушење или пиење, негрижа за своето здравје или трошење пари на глупости, тој е и повеќе од подготвен да го остави овој живот зад себе доколку покрај него ја има вистинската девојка. Тој ќе ја сака без разлика на сè и токму затоа ќе се обиде да стане поодговорна и постабилна личност врз која таа ќе може да се потпре.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар