5 нешта кои никако не смеете да ѝ ги кажете после секс

Без разлика дали ви е грижа за неа или тоа е само попатен секс додека не се појави нешто подобро, ако сте добро воспитан маж никогаш немојте да ги правите овие пет нешта бидејќи така само ќе ги повредите нејзините чувства.

Вистинските зборови во вистинското време можат да направат чуда за вашата врска. Погрешниот збор пак, може да… сигурно веќе знаете и сами. Ова се нештата кои ниедна жена не сака да ги чуе после секс.

0-5-neshta-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-kazhete-posle-seks-kafepauza.mk

1. „Ова беше изненадувачки добро.“

Дури и да било така, жените не сакаат да знаат дека сте очекувале да биде полошо. Ако веќе сакате да го искоментирате сексот, ова е вистинскиот начин: „Колку и да мислев дека ова ќе биде добро, испадна многу подобро отколку што очекував“.

2. „Опадната ти е кондицијата?“

За жените во превод ова значи: „Ти си тромава и дебела“, а знаете дека ниедна жена не сака да го чуе тоа, особено не после секс.

3. „Аха, сакаше да останам?“

Кога веќе ги облекувате пантолоните и се спремате да збришете дома додека таа сѐ уште лежи во кревет, тогаш да, сигурно сака да останете.

4. „Морам рано да станам утре.“

Уште еден грозен начин да ѝ соопштите дека сакате да спиете сами. Дури и ако го имате најлошиот ден на работа, немојте да ѝ давате до знаење дека не го сакате нејзиното друштво – тоа ќе го сфати лично.

5. „Фала за ова.“

Ова звучи како услуга или професионална трансакција, а жената сака да види дека мажот е среќен после сексот со неа. Ако само се заблагодарите и заминете без да се обидете да ја бакнете, тогаш сигурно ќе ја повредите и таа ќе мисли дека нешто згрешила.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар