5 научно докажани причини поради кои машките кои се галат се поздрави и посреќни

Кога станува збор за сите оние женствени моменти, во креветот или надвор од него, машките често решаваат да си останат на страна плашејќи се дека нивната машкост ќе трпи последици. Галење или правење работи кои ги сака девојката за некои машки претставува повод тие да бидат исмевани од пријателите или прилика нивното его да биде повредено. Но она што машките веројатно не го знаат е дека токму мазењето со саканата влијае не само на нивната среќа, туку и на нивното здравје. Еве зошто вие машките треба да се излечите од тој комплекс на ова е женска работа и да почнете повеќе да се галите.

(1)-5-nauchno-dokazhani-prichini-poradi-koi-mashkite-koi-se-galat-se-pozdravi-i-posrekjni-kafepauza.mk

1. Ќе ви помогне да оформите долга и здрава врска

Според истражувања направени од страна на ABC вестите, галењето е од витално значење за секоја врска. Статистички гледано, жените се сексуално помалку задоволени од мажите, а галењето е еден од факторите кои можат да помогнат на тоа поле. Ова е благодарение на допирот од саканата личност кој, според психологот Алин Золброд, многу влијае во борбата со тагата и нерасположението, а води и кон поинтимна поврзаност со партнерот. Па кога покрај себе имате задоволна жена, тогаш и те како ќе бидете посреќни.

2. Го намалува крвниот притисок

Допирот прави чуда. Секој контакт со друга личност иницира лачење на окситоцин во мозокот кој игра голема улога за нас, а која во најголем број случаи е позитивна. Една позитивна работа од лачењето на овој невропептид е намалување на крвниот притисок, според истражувања направени од The Good Men Project. Секој допир предизвикува лачење на окситоцин кој ве смирува кога сте нервозни и под стрес и го намалува високиот крвен притисок.

3. Ќе ве направи посреќни

Како што е веќе спомнато, задоволна жена значи дека вие ќе бидете посреќни. Зошто? Истражувања направени над голем број мажи покажале дека оние кои решиле да го применат овој експеримент, покажале знаци на поголемо задоволство и зголемено ниво на среќа. Гушкањето и бакнувањето ќе ја опуштат и расположат вашата поубава половина по што нејзе ќе ѝ биде полесно да доживее оргазам, а како резултат на целиот тој процес е дека и мажот ќе биде посреќен.

4. Води кон повеќе секс

Допирот исто така иницира лачење на хормон допамин кој претставува природен афродизијак, а кој го зголемува нивото на желба за секс. Па ова во комбинација на малку романтика или што и да ве поведува како пар, може да ги даде резултатите кои ги барате, т.е., сексуално задоволство и насмевка на вашите лица.

5. Ќе ја подобри комуникацијата со саканата личност

Како? Едноставно. Лежејќи во кревет во опуштена атмосфера е секогаш полесно да зборувате за нешта кои ви висат над глава, проблеми или, пак, убави работи кои не сте ги споделиле од различни причини. Галењето е вид говор на телото со кој кажувате многу повеќе одошто сте свесни за тоа. Невербалната комуникација некогаш кажува многу повеќе отколку самите зборови. На пример, силната прегратка ќе значи и каже многу повеќе од зборовите Тука сум за тебе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар