5 начини на кои можете за само 2 дена да откриете дали му се допаѓате

Дали некогаш ви се случило да отидете на љубовен состанок и за само 1 вечер да помислите дека тој е вистинскиот за вас, но по некое време да откриете дека вие не му се ни допаѓате? Колку пати сте посакале да знаете дали и тој чувствува „хемија“ кон вас без притоа да мора да го трошите вашето време на голем број состаноци и на крај повторно да не бидете сигурни? Погледнете ги следниве неколку начини на кои можете за само 2 дена да откриете дали тој вреди за вашето време…

5 начини на кои можете за само 2 дена да откриете дали му се допаѓате

1. Тој не се брза да поминува многу време со вас

Според психологот и тренер за состаноци, Џенифер Б. Роудс, момчето кое изгледа премногу возбудено за идејата да поминувате повеќе време заедно има големи шанси да е повеќе заинтересирано само за секс. Токму затоа доколку набрзо не го добие она кое го посакува, најверојатно веќе никогаш нема да го видите. Од друга страна пак, ако тој навистина е заинтересиран за вас, ќе го почитува вашето време. За да откриете за кој станува збор, едноставно побарајте од него да почека малку за следниот состанок и видете дали ќе ви се јави повторно.

2. Ви одговара на порака или повик истиот ден

Момчето кое е навистина заинтересирано за вас ќе ви одговори во рок од 24 часа, а доколку побарате од него да ви се јави, тој без сомнение ќе го стори тоа. Доколку го чекате повеќе од 3 дена, тогаш тој можеби бара нешто послободно.

3. Можете да разговарате за посериозни теми

Доколку 2 дена по првата средба, вашите разговори ги надминат темите за ТВ сериите кои ги следите, тогаш тој можеби навистина сака нешто повеќе со вас. Разговорот за фамилијата, детството и религиозните верувања се само дел од сериозните теми кои укажуваат дека тој е заинтересиран да открие нешто повеќе за вас.

4. Не зборува лошо за својата бивша девојка

Доколку претерано зборува за лошото искуство со својата бивша девојка, тогаш тој или сè уште не ја преболел или не е доволно зрел да се снајде во врска. Џуди Розенберг, клинички психолог и тренер за состанување, вели дека момчето кое зборува лошо за бившата може да биде многу лошо за комуникација, што е клучно за секоја здрава љубовна врска.

5. Има здрави врски со семејството и пријателите

Розенберг исто така вели и дека оној кој одржува здрави семејни и пријателски врски е способен да одржи и здрава романтична врска. Дури и грижата за домашно милениче може да укажува на неговата подготвеност. Почекајте да поминат 2 дена, а потоа прашајте го колку време поминува со неговите најблиски. Исто така доколку поголемиот дел од неговите пријатели се во сериозна врска, големи се шансите дека и тој го бара истото.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар