5 начини како да ги носите вашите шишки додека чекате да пораснат

Сигурно на повеќето од вас барем еднаш ви се случило да ги скратите вашите шишки, но бргу сте се премислиле и сте одлучиле повторно да ги оставите да пораснат. Проблемот настанува во меѓувреме – шишките ви се предолги и ви сметаат, но повеќе не сакате да ги кратите, затоа што целта ви е да ги оставите да пораснат приближно до должината на остатокот од косата.

Погледнете ги овие пет предлози кои ви нудат решение да се борите со нив додека ви паѓаат во очите и ви сметаат.

1. Завртете ги. Едноставно фатете ги шишките заедно, поделете ги на половина, па извртете ги на страната или наназад, фаќајќи ги со шнола.

2. Исплетете ги. Многу лесно можете да ги тргнете шишките од лицето со помош на плетенка. Едноставно од патецот или од увото почнете да плетете плетенка каде што ќе ги вметнете и шишките.

3. Закачете ги едноставно. Шишките можете да ги тргнете и на тој начин што едноставно со шнола ќе ги фатите на страна или наназад. Користете шноли во боја доколку сакате да изгледате поубаво.

4. Сокријте ги. Исчешлајте ги шишките назад или на страна, па фиксирајте ги со трака, марама и слично. На овој начин ќе добиете интересна женствена фризура, а притоа шишките нема да ви пречат.

5. Пунџа на врвот од главата. Оваа сезона пунџите на врвот на главата станаа апсолутен хит којшто може да се види како на познатите личности, така и на манекенките ширум модните писти. Најдобро е да го приберете горниот дел од косата, заедно со шишките, па да направите пунџа над челото. На овој начин шишките ќе бидат фиксирани и тргнати од вашето лице.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар