5 начини да се справите со несигурноста во новата врска

5 начини да се справите со несигурноста во новата врска

Доколку само што сте почнале да се состанувате со некоја личност и после одреден период забележите дека тој или таа се однесува поинаку и почудно, сигурно ќе се вознемирите и ќе се грижите за тоа дали сѐ уште е заинтересиран/а за вас. Што е најдобро да направите кога ќе се соочите со оваа непријатна ситуација? Најпрво, обидете се да размислувате подлабоко пред да дејствувате. Вашиот партнер не ве познава доволно, па доколку реагирате несоодветно, може да помисли дека сте личност којашто има постојана потреба од докажување на љубовта, што не е добар знак. Уште една работа што не треба да ја практикувате е да го/ја демнете на социјалните мрежи, барајќи некој доказ дали во неговиот живот постои друга личност. Сѐ што треба е да останете смирени и да ги прочитате овие 5 совети коишто ќе ви помогнат да бидете потолерантни.


1. Признајте си дека работите не се во најдобар ред

Трудете се постојано да бидете подготвени да се справите со нејасностите во врската, повеќе отколку што тоа е потребно. Можеби за себеси мислите дека сте личност која само сака забава и дружење, но, лесно и несвесно можете да се поврзете со некој. Знаејќи го ова, вие сте ја добиле половина битка.

2. Грижете се за своите чувства

Кога ќе забележите дека некои работи ве повредуваат, размислете добро што е тоа што ви носи непријатни чувства и потрудете се да ги оттргнете. Грижата за своите чувства и својот живот ќе ја зајакне вашата способност да се справите со која било ситуација.

3. Оддалечете се

Понекогаш чувствувате дека сте премногу обземени од непријатни чувства, па не гледате излез од тоа. Честопати ангажирањето во некои активности може да ви го одвлече вниманието од тешките моменти. Обидете се да го исполните вашето време со позитивни активности, па така нема да подлегнете на емоционалните искушенија. На пример, можете да вежбате, да почнете со некој креативен проект или пак, да се препуштите на забава. Сето ова ќе ви овозможи да ја смените вашата емоционална состојба на позитивен начин.

4. Побарајте поддршка

Не треба целиот процес да го поминете сами. Повеќето личности сметаат дека е корисно да ја имаат поддршката од пријателите во периодот на емоционално тешки времиња. Самиот процес на зборување може да ви помогне да ја намалите непријатноста, а со тоа да ја намалите и веројатноста од донесување лоша одлука.

5. Не потпирајте се на рационализацијата

Како што ќе се обидувате да ги толерирате вашите чувства, ќе забележите глас во вашата глава којшто ќе се обиде да ве убеди да се откажете од вашите напори. Бидете скептични околу ова, па пред да преземете акција, проверете дали тоа е исплатливо.

На крај, запаметете дека секое искуство ве прави посилни и позрели личности. Со текот на времето, учењето за тоа како да се толерира емоционалната непријатност станува полесно. Развивајте ја способноста да управувате со вашите чувства и ќе забележите дека станувате поотворени кон животот, подготвени за нови предизвици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар