5 начини да ја искористите огромната енергија на полната месечина

5 начини да ја искористите огромната енергија на полната месечина

Енергијата на полната месечина може да биде одлична за вас, доколку знаете како правилно да ја искористите. Ова е период од месецот кога доживуваме кулминација на енергија. Вибрациите стануваат посилни на овој ден, дури и на физичко ниво. Некои луѓе добро ги поднесуваат овие промени, но некои не.

5 начини да ја искористите огромната енергија на полната месечина

Неретко луѓето чувствуваат повеќе ентузијазам и сила кога има полна месечина. Некои повеќе ги чувствуваат духовните вибрации, некои се чувствуваат нервозни, а многу имаат и проблеми со спиењето.

Доколку сте во хармонија со себе, полната месечина ќе ви донесе многу позитивни вибрации. Но доколку се чувствувате лошо, овој период може да ви се влоши состојбата. Поради тоа внимавајте на вашите чувства и емоции за време на полна месечина. Погледнете и како можете да ја искористите енергијата на полната месечина во ваша корист.

1. Воздржете се

Немојте да навлегувате во расправии и немојте да се лутите. Полната месечина е период кога треба да бидете мирни и да се откажете од некои работи. Ова е време кога треба да ги надминете недоразбирањата и да им простите на другите. Доколку сепак не можете да избегнете некоја расправија, барем одложете ја за неколку денови после полната месечина. Обидете се да ја одржите рамнотежата со позитивна енергија.

2. Мислете позитивно

Потребно е секогаш да се обидувате да мислите позитивно, но за време на полна месечина обрнете особено внимание на ова. Бидејќи овој период сè ќе чувствувате поинтензивно, позитивните мисли само ќе се засилат и можно е да одбиете нереална слика за светот околу вас, па немојте да претерувате. Доволно е да одвоите 5 минути од денот што ќе ги посветите на позитивното размислување. На пример можете да запишете за што сте благодарни, можете да застанете пред огледало и да си давате пофалби, а можете и да излезете и да уживате во убавината околу вас.

3. Фантазирајте и привлечете го она што го сакате

Замислете си како ви се исполнуваат сите желби. Полната месечина е одлична за да ја вежбате оваа техника. Размислете за вашите цели и запишете ги, а овој период можете да направите и карта со желби. На едно место ставете ги сите ваши цели и соништа и замислувајте си дека станале реалност. Слично на ова, можете да ја искористите и енергијата кога месечината се намалува. Овој период замислувајте си како вашите проблеми исчезнуваат и се намалуваат.

Дејството на техниките на законот за привлекување само се засилуваат за време на полна месечина, па искористете ја максимално.

4. Медитирајте

Можете да медитирате сами, а можете и во група. Бидејќи полната месечина ќе ве облее со многу енергија, медитацијата ќе ви биде од помош за многу нешта.

5. „Испратете“ им добра енергија на оние на коишто им е потребна

Откако ќе завршите со себе, испратете им малку позитивна енергија и добрина и на семејството, пријателите, колегите, па дури и на непознатите. Пратете им љубов и добрина на оние кои страдаат и обидете се ова да го направите од срце.

Дознајте и како полната месечина влијае на нашата потсвест.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар