5 модни трендови кои ова лето ќе бидат заменети со нови

Трендовите се менуваат речиси секојдневно и поголемиот дел од нив остануваат засекогаш во минатото. Нешто што денес е хит, може уште утре да стане демоде, па навистина е тешко да препознаете колку долго ќе трае некој тренд. Сепак, според модните експерти, следниве модни трендови нема да ги гледаме до крајот на сезоната.

1. Чанти околу половина

5 модни трендови кои ова лето ќе бидат заменети со нови

Иако никој не се надеваше на враќањето на овој тренд, чантите кои се носат околу половина станаа вистински хит. Но, сега повторно се враќаат во заборав и ќе бидат заменети со чанти кои се носат преку рамено.

2. Голи рамена

5 модни трендови кои ова лето ќе бидат заменети со нови

Блузите со голи рамена беа најистакнатиот тренд неколку толпи сезони по ред, но и на нивната популарност ѝ доаѓа крај. Ова лето наместо двете, покажете го едното рамо со асиметрични блузи кои беа популарни на почетокот на милениумот.

3. Сламени шешири

5 модни трендови кои ова лето ќе бидат заменети со нови

Минатото лето сламените шешири беа додаток што го носеа речиси сите, но ќе бидат заменети со нешто неочекувано – рибарски шешири. Овие шешири се носеа на крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, а сега повторно ги гледаме како дел од комбинациите на познатите трендсетерки.

4. Кратки панталони

5 модни трендови кои ова лето ќе бидат заменети со нови

Прекратките панталони кои едвај покриваат нешто полека ја губат својата популарност. Ова лето ќе бидат заменети со бермуди кои се малку над колената.

5. Едноставни бикини

5 модни трендови кои ова лето ќе бидат заменети со нови

Класичните бикини ова лето се во втор план. Доколку сакате да изгледате неверојатно на плажа, вложете во бикини со невообичаен крој и модели со додатоци како колани, реси, бисери и панделки.

Погледнете и кои модели на чанти се хит оваа пролет.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар