5 модели на долна облека кои ги задоволуваат сите женски потреби

Со оглед на тоа што поголемиот дел од жените носат долна облека 24 часа дневно, добро е да се знае кои модели на гаќички би требало да се наоѓаат во секоја женска фиока и кои ќе ги задоволат сите женски потреби, од удобност до заведување.

1-5-modeli-na-dolna-obleka-koi-gi-zadovoluvaat-site-zhenski-potrebi-www.kafepauza.mk_

1. Гаќички со невидлив раб

Овој крој на гаќички за секој ден ви се потребни кога носите тесна облека или облека која е направена од тенки материјали, бидејќи нема да се оцртуваат. Избирајте гаќички без строги рабови, а таквите најчесто се изработуваат од удобни, растегливи материјали.

2-5-modeli-na-dolna-obleka-koi-gi-zadovoluvaat-site-zhenski-potrebi-www.kafepauza.mk_

2. Гаќички во боја на вашата кожа

Колку повеќе бојата на вашата долна облека се совпаѓа со бојата на вашата кожа, толку помалку ќе биде видлива под проѕирната облека. Овие гаќички се добри и кога во некој бутик испробувате костим за капење или нови гаќички, бидејќи подобро ќе видите како ви одговараат. Секако помеѓу вашата долна облека имајте гаќички во боја на вашата кожа со невидлив раб.

3-5-modeli-na-dolna-obleka-koi-gi-zadovoluvaat-site-zhenski-potrebi-www.kafepauza.mk_

3. Гаќички за вежбање

За да можете целосно да му се посветите на вашиот тренинг без постојано да мислите дали е сѐ во ред со вашата долна облека, во текот на вежбањето изберете гаќички од меки микровлакна кои ја пропуштаат влагата и потта, односно вашата кожа останува сува и свежа.

4-5-modeli-na-dolna-obleka-koi-gi-zadovoluvaat-site-zhenski-potrebi-www.kafepauza.mk_

4. Секси гаќички

Без разлика дали тие се изработени од сатен, со чипка, интересен додаток, врвци, панделки – кога ќе ги облечете овие гаќички би требало да се чувствувате најсекси. Жената која носи секси гаќички се чувствува и посамоуверено, па нека тие бидат вашиот избор и во ситуациите кои не се поврзани со сексот, кога едноставно ви е потребна мала доза на дополнителна самодоверба.

5-5-modeli-na-dolna-obleka-koi-gi-zadovoluvaat-site-zhenski-potrebi-www.kafepauza.mk_

5. Гаќички за менструација

За оние денови во месецот најпрактични се памучните гаќички со висок струк кои покриваат повеќе од половина задник. Ќе ви овозможат удобност и сигурност без да се грижите за нивната естетика и функционалност.

6-5-modeli-na-dolna-obleka-koi-gi-zadovoluvaat-site-zhenski-potrebi-www.kafepauza.mk_

Во продолжение прочитајте за 5-те видови долна облека која може да биде лоша за вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар