5 извори на лажно слабеење кои можат да ве измамат дека сте изгубиле неколку килограми

5 извори на лажно слабеење кои можат да ве измамат дека сте изгубиле неколку килограми

Речиси сите коишто се соочуваат со некој килограм вишок, веќе почнуваат да разгледуваат различни диети со цел да се подготват за летните денови. Но, понекогаш вашето тело може да ви прикаже лажни резултати. Со други зборови, лажното губење на тежината е секое намалување на килограмите коешто не ги вклучува вашите маснотии. Ова најчесто е производ на диетите коишто ветуваат брзо губење килограми, но веднаш штом ќе прекинете со тој режим на исхрана, вие ќе добиете уште повеќе килограми отколку што сте изгубиле. Погледнете ги овие пет различни начини кои можат да ве залажат дека се ослабеле кога се соочувате со вашата борба со вишокот килограми.

1. Дехидрација (губење вода во телото)

Во рок од само 24 часа вие можете да изгубите повеќе килограми, но само доколку дехидрирате. Во овој случај вие ја губите водата во вашето тело, додека речиси воопшто не губите од масните резерви. Дехидрацијата може да предизвика дури и инфаркт, па затоа, имајте во предвид дека внесувањето течности во вашето тело е од клучно значење за вашето здравје!

2. Гликоген

Вашето тело чува енергија на различни начини. Еден од тие начини е и гликогенот. Согорувањето на вашите гликогенски резерви исто така може да ви прикаже одлични резултати во вашата борба против вишокот килограми. Доколку целосно ги истрошите овие резерви, вашата вага може да ви покаже дури 5 килограми помалку. Секако, ова е лажно губење на тежината.

3. Сол (натриум)

Солта, или поточно натриумот, игра голема улога во модерната исхрана. Дури и да не додавате дополнителна количина сол на вашата храна, постојат големи шанси таа веќе да содржи многу. Исто како и гликогенот, губењето натриум може да направи да верувате дека сте изгубиле многу од вашата несакана телесна тежина.

4. Губење мускулна маса и ткиво

Губењето мускулната маса и витално органско ткиво е уште еден проблем на којшто може да наидете. Откако ќе ги истроши гликогенските резерви, вашето тело ќе нема друг избор освен да ги согорува „структурните протеини“ за да добие енергија.

5. Отпадокот од храната

Ако се ослободите од сите отпадоци од храната коишто се наоѓаат во дебелото црево, тоа може да придонесе да бидете неколку килограми послаби. На овој начин лесно можете да ја намалите тежината, земајќи лаксатив или пак, да користите некој друг метод за чистење на дебелото црево. Всушност, на овој начин може да се загубат и до три килограми, но секако, не треба да верувате на овој брз пад на вашата тежина бидејќи ќе го надополните со следните неколку оброци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар