5 интересни причини зошто да се запишете на курс по актерство

5 интересни причини зошто да се запишете на курс по актерство

Доколку отсекогаш сте сакале да се запишете на курс по актерство, но сте се двоумеле, еве ги причините што ќе ве натераат уште веднаш да го направите тоа и да си ја остварите желбата.

1. Посамоуверена комуникација

5 интересни причини зошто да се запишете на курс по актерство

Ако во секојдневната комуникација настапувате плашливо, несигурно и неразбирливо, тогаш курсот по актерство е она што ви е потребно. Актерите се луѓе со неверојатна дикција и способност за добар разговор. Ќе откриете како да се изразувате на начин кој ќе биде разбирлив, смирен, а сепак доминантен. Ќе експериментирате со гласот и ќе станете многу посамоуверени во комуникацијата воопшто.

2. Чувство на удобност во сопственото тело

5 интересни причини зошто да се запишете на курс по актерство

Треперењето, несигурноста во сопственото тело, згрченоста – се само дел од работите што кај себе може да ги надминете, доколку соберете храброст да се појавите на ваков курс. Актерите, исто така, често применуваат јога, медитација и специјални техники на дишење, кои во голем дел ќе ви помогнат во решавањето на стравовите и постепеното засакување на сопственото тело, со цел за поефективен и подобар настап.

3. Намалување на стресот и напнатоста преку креативно изразување

5 интересни причини зошто да се запишете на курс по актерство

Часовите по актерство се добри бидејќи таму ќе можете да си дадете оддишка на сите заробени, неискажани чувства, што ви создаваат стрес и напнатост. Во некои од сцените што треба да се одглумат, ќе треба да покажете очај, тага, бес, љубов, копнеж… Можеби ова не е лесно за почетници, но секако, како поминува времето ќе се чувствувате сè поспособни. Обично, се дава одреден монолог, на кој ќе можете да покажете сè што знаете и умеете.

4. Прифаќање на сопствената ранливост

5 интересни причини зошто да се запишете на курс по актерство

Се чувствувате инхибирано и срамежливо? Настапот на сцена и глумењето пред непознати луѓе, ќе ви помогне да ги надминете тие инхибиции. На пример, глумењето на љубовна сцена, ќе направи полесно и поотворено да ги искажувате чувствата и пред вистинскиот партнер/ка.

5. Запознавање нови луѓе во позитивна, динамична и забавна средина

5 интересни причини зошто да се запишете на курс по актерство

На часовите по актерство ќе запознаете многу нови луѓе на различна возраст и интересни ставови. Бидејќи со нив заедно ќе работите на комуникацијата, емоциите, говорот на телото, многу веројатно е дека побрзо и полесно ќе се зближите. Ќе изградите нови пријателства, на кои некогаш со гордост ќе се сеќавате.

Па, што чекате? Се надеваме дека причините доволно ве заинтригираа и во вас ја разбудија желбата за остварување на сопствениот актерски сон.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.