5 грешки во врската што ги прават луѓето со анксиозност

5 грешки во врската што ги прават луѓето со анксиозност

Анксиозноста може да има влијание на секој аспект од вашиот живот. Со правилен третман можете да ја контролирате и да живеете нормален живот. Но, понекогаш нормално е да изгубите контрола, а поради ова да направите и работи за кои подоцна ќе ви биде криво.

5 грешки во врската што ги прават луѓето со анксиозност

Навистина е тешко да го спречите влијанието на анксиозноста во вашата врска. Кога едвај се справувате со состојбата, потребно е да ја искористите целата ваша сила да не направите нешто непромислено.

Без разлика дали вие или вашиот партнер се справувате со анксиозност, важно е да ги знаете честите грешки што ги прават овие луѓе во врските. Ако ништо друго, ќе можете навреме да ја забележите грешката и да ја спречите пред да настане проблем. Ова се петте најчести грешки во врските што ги прават луѓето со анксиозност.

1. Отсуство

Малку нешта се поважни во врската од тоа да бидете присутни за саканата личност, а анксиозноста може да го направи ова неверојатно тешка задача. Луѓето со оваа состојба не можат постојано да следат што се случува околу нив бидејќи се преоптоварени со нивните мисли. Но колку повеќе практикувате техники за смирување, толку полесно ќе ви стане да се справите со анксиозноста и да му го овозможите на партнерот она што му е потребно.

2. Обид за контрола на врската

Анксиозноста понекогаш ги тера луѓето да се обидуваат да го контролираат нивното опкружување со цел полесно да се справат со нивната состојба. Анксиозноста ве тера да мислите дека во секој момент може да се случи нешто ужасно. Поради ова, партнерот со анксиозност ќе се обидува да ја контролира врската со надеж дека ќе ги избегне потенцијалните катастрофи. За жал, ова често има лоши последици бидејќи на крај личноста се обидува да го контролира однесувањето на партерот.

3. Правење од ништо, нешто

Со анксиозноста сè изгледа полошо. Дури и најмалото нешто може да ви го расипе расположението и лесно е да настане конфликт за сосема неважна работа. За да го спречите ова, обидете се да имате јасна перспектива за ситуацијата и дајте си простор да се смирите и да се ослободите од напнатоста пред да направите или кажете што било.

4. Затворање поради претерано размислување

Една од најчестите карактеристики кај луѓето со анксиозност е претераното размислување. Кога анксиозноста ќе се „активира“, во вас почнува да владее несигурност, па голема е веројатноста да се затворите со цел да се заштитите.

Но, ако сте во врска, ова значи дека се затворате и од партнерот. Со тоа само ја влошувате ситуацијата, па важно е да имате на ум дека вашиот партнер е секогаш овде за вас и ви го посакува само најдоброто.

Доколку вашиот партнер страда од анксиозност, дајте му до знаење дека секогаш ќе му помогнете. Уверете го дека нема да му судите и дека може да се отвори пред вас без грижа.

5. „Истурање“ на гневот врз партнерот

Понекогаш ова губење контрола не е бидејќи партнерот ви направил нешто, туку само сакате да ве ислуша. Но, ако постојано му го правите ова, можете да го преморите партнерот и тој да се чувствува искористено. Вашиот партнер би требало да ве поддржува. Но, ваша одговорност е да ги почитувате неговите чувства и да не ја злоупотребувате поддршката.

Најдоброто нешто што можете да го направите за да го спречите ова е да најдете друг начин да се ослободите од гневот, без разлика дали со физичко вежбање или со нешто креативно како пишување или цртање.

Дознајте и нешто повеќе за анксиозноста и зошто ги отежнува врските.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар