5 едноставни начини на вежбање ако немате време за цела рутина

5 едноставни начини на вежбање ако немате време за цела рутина

Одењето во теретана секој ден звучи одлично, но за многу луѓе ова е нереално. Ако сте личност со пренатрупан распоред, за вас е вистинска победа ако успеете да направите вечера и да се видите со пријателите. За среќа, вежбањето не мора да ви одзема многу време. Постојат безброј едноставни начини да вежбате повеќе без да поминувате часови во теретана.

1. Пробајте ја рутината „Табата“

Табата е вид тренинг со висок интензитет каде што треба да направите неколку сета навистина напорни вежби во интервали од 20 секунди. Звучи напорно бидејќи е напорно, но ако сакате нешто брзо и ефективно ова е одличниот избор за вас. Оваа рутина ќе го забрза вашето срце и ќе ве наполни со енергија за само 10 минути. Покрај тоа не ви е потребна никаква опрема и можете да вежбате во навистина мал простор.

2. Омилена вежба нека ви биде планк

5 едноставни начини на вежбање ако немате време за цела рутина

Планк е една од оние вежби кои не изгледаат тешко, но во реалноста е навистина напорна. Ова е одличен начин да го активирате целото тело за многу краток период. Кога сте во оваа положба вие работите на вашите раце, рамена, задник, нозе и стомачни мускули. Можете да експериментирате со неколку варијации.

3. Користете ги скалите секогаш кога сте во можност

5 едноставни начини на вежбање ако немате време за цела рутина

Збогувајте се со ескалаторот и лифтот. Скалите се насекаде и можете да ги користите како опрема за вежбање. Трчајте нагоре, а симнувајте се со одење. Повторете што е можно повеќе пати и ќе имате одлична вежба која трае само 15 минути. Ако ова не е доволно напорно за вас, можете да додадете и неколку динамични движења како чучнувања или исчекорувања со една нога.

4. Каде било и кога било правете чучнувања и исчекорувања

5 едноставни начини на вежбање ако немате време за цела рутина

За да го одржите здравјето со вежбање нема потреба да купувате опрема или да посетувате теретана. Сè што ви е потребно е вашето тело и малку мотивација. Обидете се на креативен начин да ги вметнете овие вежби во вашиот ден. Можете да правите чучнувања додека ги миете забите, да правите исчекорувања додека подготвувате кафе, или да вежбате додека разговарате на телефон и гледате телевизија.

5. Направете ја вежбата бурпи 30 пати

5 едноставни начини на вежбање ако немате време за цела рутина

Ова е вежба што ја мразат речиси сите. Навистина е напорна, но е многу ефективна. Бурпи вежбата е вашиот пријател доколку немате време за вежбање. Таа е одлична кардио вежба што го активира целото ваше тело. Можете да пробате варијации со склекови или скокови, или да носите појас со тежина. Се разбира, доколку се почувствувате лошо во текот на вежбањето направете пауза. Секогаш слушајте го вашето тело и не надминувајте ги вашите граници.

Доколку немате време, пробајте ја и оваа рутина за вежбање од само 4 минути.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар