5 дневни навики кои природно ќе го забрзаат вашиот метаболизам

Брзиот метаболизам е клучот за добра фигура, но и за здрав организам! Ако повеќе не сакате да се дружите со вишокот килограми и недостатокот на енергија, тогаш започнете да ги усвојувате овие дневни навики кои не одземаат многу време, а многу ќе ви помогнат.

1-5-dnevni-naviki-koi-prirodno-kje-go-zabrzaat-vashiot-metabolizam-www.kafepauza.mk_

1. Започнете го денот со појадок

Многупати досега сте го слушнале ова, но и понатаму немате навика да појадувате? Треба да се засрамите. За вашиот метаболизам да функционира правилно потребно е да јадете константно. Поточно, треба да јадете повеќе пати на ден, во помали количини, за вашето тело постојано да има што да „работи“. И секако, започнете со појадок! Кога ќе го прескокнете појадокот и кога гладувате, вашиот метаболизам се забавува, и вие добивате на вашата тежина.

2-5-dnevni-naviki-koi-prirodno-kje-go-zabrzaat-vashiot-metabolizam-www.kafepauza.mk_

2. Вклучете во вашата исхрана Омега-3 масни киселини

Ова значи дека треба почесто да консумирате риба, особено туна или лосос. Рибата е одлична за вашето здравје, но и за вашиот изглед. Исто така, ќе го поттикне вашиот метаболизам да согорува повеќе калории. Ете зошто рибата е задолжителна на менито кога сте на диета. Ако пак, не сакате риба, обидете се да внесувате омега-3 масни киселини во облик на апчиња за кои најпрво ќе се посоветувате со вашиот доктор.

3-5-dnevni-naviki-koi-prirodno-kje-go-zabrzaat-vashiot-metabolizam-www.kafepauza.mk_

3. Не заборавајте ни на пробиотиците

Секако, и овде е посакувана онаа природна варијанта. Затоа, обидете се да внесувате храна која е богата со пробиотици, а најсигурен избор ви е јогуртот. Тие се клучот за здрав метаболизам кој ќе функционира во најдобар ред.

4-5-dnevni-naviki-koi-prirodno-kje-go-zabrzaat-vashiot-metabolizam-www.kafepauza.mk_

4. Квалитетен сон

Добриот и квалитетен сон е клучот за вашето здравје, но и за метаболизмот. Кога спиете недоволно, тој се забавува, а со тоа имате и нагон за прејадување, бидејќи мора некако да се наполните со енергија. Затоа, водете сметка да спиете од 7 до 9 часа и ќе бидете здрави, одморени и во добра форма.

5-5-dnevni-naviki-koi-prirodno-kje-go-zabrzaat-vashiot-metabolizam-www.kafepauza.mk_

5. Вежбајте

Ниту еден текст за забрзување на метаболизмот не може да помине без вежбањето, се согласувате? Сепак, пред целосно да се заморите, запомнете дека е доволно да вежбате половина час, два пати неделно за да го забрзате метаболизмот до таа мера што дневно ќе трошите дури 100 калории повеќе.

6-5-dnevni-naviki-koi-prirodno-kje-go-zabrzaat-vashiot-metabolizam-www.kafepauza.mk_

За тоа дека метаболизмот игра важна улога во вашиот живот и има пресуден збор во врска со вашите килограми, докажува и фактот зошто после 30-тата година многу побрзо се дебелееме?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар