5 чекори до оргазам кој никогаш нема да го заборавите

Поради начинот на живеење, сè повеќе жени имаат потешкотии при доживувањето оргазам. Но, без него целиот сексуален однос не го овозможува целосното задоволство кое тие можат да го искусат. Токму затоа, погледнете ги следниве 5 совети кои ќе ви помогнат полесно да доживеете оргазам кој уште долго време ќе живее во вашите мисли…

5 чекори до оргазам кој никогаш нема да го заборавите

1. Бидете горе

Поголемиот дел од жените потврдиле дека кога се горе почесто доживуваат оргазам за време на сексот. Ова поза го стимулира клиторисот, но и жените подобро можат да го контролираат ритамот со цел да се прилагодат на своите потреби.

2. Не размислувајте за секојдневните обврски

Иако ова е многу полесно да се каже одошто да се направи, поголеми се шансите да доживеете оргазам доколку целосно го ослободите вашиот ум. Обидете се да се опуштите така што ќе легнете во кревет половина час порано од вообичаено. На овој начин ќе се чувствувате помалку исцрпено и полесно ќе можете да се препуштите на уживањето.

3. Тргнете од спалната соба сè што ви го одвлекува вниманието

Кога станува збор за уживање во моментот, многу тешко ќе можете да се опуштите и препуштите во просторија која е пренатрупана со нешта на кои не им таму местото. Исчистете ја вашата соба и претворете ја во засолниште за вас и вашиот партнер.

4. Не заборавајте на предиграта

Можете многу лесно да го претворите секојдневниот живот во еден вид предигра. Тоа не значи дека ќе мора да се допирате во јавност, туку да смислите креативни и индиректни начини на кои ќе си давате до знаење дека сте подготвени за вечерта. На овој начин вие не само што ќе ја разгорите повторно страста помеѓу вас, туку и ќе се зближите повеќе во секој аспект од вашата врска.

5. Обидете се со длабока пенетрација

За посилен вагинален оргазам ставете една или две перници под вашиот задник, со цел да му овозможите на вашиот партнер да може подлабоко да пенетрира во вас. Исто така секогаш кажувајте му на вашиот партнер што ви се допаѓа и што ви носи уште поголемо уживање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар