4 умствени игри што ги играат несигурните мажи во љубовните врски

4 умствени игри што ги играат несигурните мажи во љубовните врски

Несигурните мажи и жени знаат да бидат големи манипулатори. Овие луѓе се многу вешти кога станува збор за играњето умствени игри. Ако мислите дека некој си игра со вашиот ум, тогаш најверојатно сте во право. Но, доколку знаете какви умствени игри постојат, ќе ви биде многу полесно да ги препознаете. Ова се 4-те умствени игри што ги играат несигурните мажи во љубовните врски…

4 умствени игри што ги играат несигурните мажи во љубовните врски

1. Игра на обвинување

Зборовите болат и можат да ве повредат исто толку колку и физичкото насилство. Ако тој постојано ве обвинува за некои работи, треба да знаете дека тоа е така затоа што тој самиот ги прави тие работи. Кога ќе се случи вакво нешто, најдобро е целосно да го прекинете разговорот, бидејќи никаде нема да стигнете доколку постојано си ја префрлате вината еден на друг.

2. Игра на ролеркостер

Ова се случува кога ќе излезете и ќе си поминете супер, но следниот ден тој се однесува ладно. Вие почнувате да се сомневате, а тој токму тоа и сака да го постигне. Иако мислите дека тој не е сигурен во неговите чувства, тоа не е вистина. Ако не можете да го решите овој проблем со разговор, тогаш не вреди да си го трошите времето. Доколку забележите дека тој се однесува чудно, поставете му прашање од типот: „Се однесуваш ладно во последно време. Сѐ е во ред?“. Ако тој ви се отвори и почне да разговара, тогаш треба да ѝ дадете шанса на врската, но ако се обидува да го одбегне разговорот и почне да ве игнорира, продолжете понатаму.

4 умствени игри што ги играат несигурните мажи во љубовните врски

3. Игра на засрамување

Засрамувањето во љубовната врска е најлошото нешто што партнерот може да ви го направи. Ако тој постојано ве навредува и прави да се чувствувате како да дишете на погрешен начин, треба да знаете дека заслужувате подобро. Вашиот партнер не би требало да се величи себеси со тоа што ве омаловажува.

4. Префрлање на топката

Ова се случува кога ќе почнете да се карате, а тој ги превртува работите и вам ви ја префрла вината. Тој е подготвен да направи сѐ за да се почувствувате виновни, иако ништо не сте згрешиле. На овој начин, тој ќе ве наведе да попуштите и да ги исполните неговите барања.

Иако постојат уште многу различни умствени игри, ова се најчестите што сигурно ќе ги сретнете барем еднаш во животот. Само затоа што вашиот партнер ви делува совршено одвреме-навреме, не значи дека тоа е навистина така. Не му дозволувајте да ви го уништи животот, бидејќи заслужувате да бидете среќни.

Прочитајте ги и 8-те знаци дека ве заробил емоционален манипулатор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар