4 работи што е сосема во ред да ги направите кога партнерот ќе ве напушти

4 работи што е сосема во ред да ги направите кога партнерот ќе ве напушти

Колку и да е болно кога ќе ве напушти партнерот, гледајте го тоа како ново поглавје во вашиот живот. Потребно е да најдете начин да се справите со ситуацијата. Секој се справува на свој начин со емоционалната болка и колку и да ви изгледа чудно потребно е да се слушате и да го направите она што сметате дека ви е потребно. Погледнете некои работи кои е сосема во ред да ги направите кога сте во ваква ситуација. Одберете ја вашата стратегија според вашите потреби.

4 работи кои е во ред да ги направите кога партнерот ќе ве напушти

1. Смејте се

Иако е вистинско искушение да се затворите дома и да слушате тажни песни, дајте си дозвола и да се смеете. Смеата е дел од лекувањето, и тоа многу важен дел. Па маратон со комедии, излегување со пријателите и секаков вид забава се повеќе од добредојдени.

2. Направете „книга за горење“

Иако звучи малку злобно, ако ги запишете сите ваши мисли за партнерот кој ве напуштил може да ви биде од голема помош. Запишувањето можете да го наречете и дневник, но ако повеќе ви помага изразот „книга за горење“, не двоумете се.

3. Оттргнете се од ситуацијата

По раскинувањето целиот град може да ви биде како минско поле. Постојат места што ве потсетуваат на бившиот, но постои и „опасноста“ од тоа да го сретнете. Излегувањето во град можеби е последното нешто што ќе ви падне на ум, но потребно е да се оттргнете од ситуацијата и да продолжите да го живеете вашиот живот.

4. Јавете им се на родителите

Понекогаш мајката и таткото навистина знаат што е најдобро. Можеби сте премногу горди да им се јавувате во многу ситуации. Можеби ќе се чувствувате како мало дете. Но, раскинувањето е една од оние ситуации во кои ќе ви помогнат нивните совети и поддршка.

Што и да направите за да се справите со болката е во ред. Се разбира, сè додека не си наштетувате. Раскинувањата можат да бидат навистина брутални, па дајте си време да го надминете тој период.

Погледнете и што не смеете да правите по прекинување на врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар