4 парчиња накит кои ѝ се потребни на секоја жена

Дури и да имате голем избор на накит, некогаш едноставно сакате само да земете некое парче без мислење и да знаете дека тоа ќе направи да изгледате прекрасно. Затоа постојат класични парчиња кои дефинитивно секоја жена мора да ги поседува.

4-parchinja-nakit-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-zhena-kafepauza.mk

1. Дијаманти

Како најдобри пријатели на жената, ништо чудно што тие се први на листата. Тие се вонвременски и се многу добра инвестиција. Најдобри парчиња со дијаманти се:

Обетки

Ги носиме со сѐ: почнувајќи од секојдневна комбинација на фармерки и блуза, па сѐ до елегантен изглед за посвечени прилики. Обетките од дијаманти секогаш ќе изгледаат елегантно и софистицирано. Особено ако патувате и не сакате да носите тешки обетки, тогаш ваквите се најдобриот избор.

1-4-parcinja-nakit-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-zena-kafepauza.mk

Алка

Повторно класично парче кое може секако да се носи. Изгледа прекрасно во центарот на вниманието и создава впечаток на елеганција и минималистичка едноставност. За еклектичен микс додадете часовник и други алки. Ако сакате лесна алка одберете го „тенис“ стилот, а ако го сакате звукот на ѕвечкањето на повеќе алки, одберете еден сет кој вклучува повеќе алки.

2-4-parcinja-nakit-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-zena-kafepauza.mk

2. Омега ѓердан

Едноставноста на овој вид просто зрачи со луксузност. Во златни или сребрени нијанси, подебел или потенок, омега ѓерданот секако се вклопува во вашиот стил и притоа му дава малку шарм и зрачи со женственост. Интересно изгледаат кога „ѕиркаат“ од кошулата. Најубаво изгледаат кога имате повеќеслоен изглед: под кошула со јакна со строг крој, тесни фармерки и пар чизми.

3-4-parcinja-nakit-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-zena-kafepauza.mk

3. Гломазен прстен

Иако беа многу модерни пред неколку години, тие секогаш ќе бидат класично парче кое лесно додава малку ексцентричност на конвенционалниот изглед. За да оставите одличен впечаток одберете голем метален прстен во сребрена или златна боја. За поедноставен и поуметнички изглед одберете сребро, тиркиз или кој било камен. За свечености одберете поголем прстен од скапоцен камен. Иако може да се носат на сите прсти, најдобро стои на показалецот за модерен и ексцентричен изглед. Сепак, кога носите вакви гломазни прстени, остатокот од накитот сведете го на минимум.

4-4-parcinja-nakit-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-zena-kafepauza.mk

4. Бисери

Постои стара навика според која колку повеќе стареете, толку поголеми треба да бидат бисерите. За ова, не е сигурно колку е вистинито, но вистина е дека бисерите се најкласичното парче од целиот накит. Одлично изгледаат во која било големина, на која било возраст. Иако за безвременски се сметаат само оние кои што се во само еден ред, тие може да изгледаат и малку преконзервативно. За среќа, во денешно време постојат толку многу начини како да се носат, а сепак да изгледаат модерно.

5-4-parcinja-nakit-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-zena-kafepauza.mk

Бисерите се во разни големини, облици и бои. Пробајте нешто ново како бисери во повеќе бои, неколку редови бисери кои можат да бидат обвиткани неколку пати на вратот и нетрадационалниот избор наречен „барок“ (бисери кои не изгледаат совршено). Сепак, ако сакате да се држите до класичниот избор на еден ред, пробајте да ги измешате малку така што ќе ги комбинирате со обетки од скапоцен камен во контрастна боја или носете ги со маица, искинати фармерки, високи потпетици и сако.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар