4 одлични вежби за момците и девојките кои долго време седат пред компјутер

Доколку имате типична канцелариска работа која бара долго седење пред компјутер или пак, работите од вашиот дом, повторно седејќи пред монитор, тогаш сте дошле на вистинското место. Овој вид долго седење проследено со малку движење може да предизвика најразновидни болки и потешкотии, а особено е штетно за ‘рбетот.

4 одлични вежби за момците и девојките кои долго време седат пред компјутер

Најчестите последици од долгото седење се слаби и крути мускули, како и скратени тетиви и лигаменти, што во крајна мера предизвикува лошо држење и болки во грбот и вратот. Најдоброто решение се вежбите, а еве кои ви ги препорачуваат експертите на ова поле:

Птица – куче

Поставете се на колена и дланки, притоа одржувајќи го грбот рамен. Истовремено подигнете ја едната рака и едната спротивна нога, така што ќе го задржите грбот рамен, а потоа вратете се во основната позиција. Направете 4 серии од 15 повторувања.

Подигнување колкови

Легнете на под и раширете ги нозете така што колената ќе ви дојдат во ширина на рамената. Подигнете ги колковите, држејќи го останатиот дел од телото на подот, па вратете се во основната положба. Направете 4 серии од 15 повторувања.

Истегнување на грбот

Легнете на стомак. Подигнете го горниот и долниот дел од телото и задржете се кратко во таа позиција. Вратете се назад. Направете 4 серии од 10-15 повторувања.

Бочно подигнување

Поголемиот дел од вас сигурно нема во својот дом тегови, но каков било отпор за оваа вежба е практичен, па токму затоа и можете да искористите што било, како на пример, 2 шишиња од по 2 литра вода. Седнете на подот и потпрете се со градите на колена. Подигнете ги само рацете, бавно враќајте ги наназад. Направете 4 серии од 12-15 повторувања.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар