4 неверојатно слатки фустани кои можете да ги направите од кошулите на вашето момче

Сите ја сакаат идејата за жена која носи кошула од нејзиното момче, но многу често реалноста е далеку од секси идеалот кој е претставен во филмовите и списанијата. Но, благодарение на овие 4 модни комбинации тоа е веќе минато. Со помош на овие фустани направени од кошулите на вашето момче, вие ќе ја истакнете вашата фигура и софистицираност, но и на забавен начин ќе се покажете во сосема ново светло, без притоа да ги уништите неговите кошули со сечење или шиење.

4 неверојатно слатки фустани кои можете да ги направите од кошулите на вашето момче

За овие фустани ќе ви бидат потребни 2 до 3 од неговите кошули, каде што со нивна комбинација, можете да добиете неверојатно слатка и секси модна комбинација за секој ден. Тие се толку едноставни за составување, што доволни ви се само неколку минути за целиот изглед. Погледнете го следново видео и следете ги чекор по чекор инструкциите доколку сакате конечно да ги искористите неговите кошули за секси модна комбинација…



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар