4 неочекувани нешта кои очниот доктор може да ги открие за вашето општо здравје

4 неочекувани нешта кои очниот доктор може да ги открие за вашето општо здравје

Да, вашите очи се прозорец кон вашата душа. Но, тие исто така можат да бидат и од голема помош за вашето општо здравје. Токму затоа погледнете ги следниве совети од д-р Марк Жакоу кои ќе ви помогнат подобро да го следите вашето здравје преку вашите очи. Одредени здравствени состојби не влијаат врз видот кога се во ран стадиум, но сепак нивните рани показатели можат да бидат забележани со проверка на очите. Вашиот матичен лекар сигурно внимава редовно на овие знаци, но доколку сте љубопитни, погледнете ги следниве нешта кои очниот доктор може да ги открие за вашето здравје.

(1) 4 неочекувани нешта кои очниот доктор може да ги открие за вашето општо здравје

Дијабетес

Доколку докторот забележи истечени крвни капилари во вашето око, тоа веднаш ќе го сфати како знак дека вие сте дијабетичар. Дијабетесот предизвикува значајна оштета на видот со тек на време, па сè тоа може да се спречи доколку се забележат првичните знаци за време на прегледот на очите. На овој начин вие можете рано да почнете да се борите против оваа состојба и да го зачувате вашиот вид и понатаму во текот на животот. Доколку не се внимава, дијабетесот исто така може да оштети мали крвни садови во мозокот и бубрезите.

Тумори во мозокот

За време на очниот преглед, докторите директно ги набљудуваат крвните садови и оптичките нерви кои водат кон мозокот. Токму затоа доколку видат било какви отоци или сенки, тоа е голем знак дека може да постои нешто сериозно во вашиот мозок, како тумори и опасни згрутчувања кои можат да водат кон удари. Најчесто, потребни се дополнителни тестови во овие ситуации, но доволен е само основен тест на очите со цел да се открие нешто што може понатаму да се истражува.

(2) 4 неочекувани нешта кои очниот доктор може да ги открие за вашето општо здравје

Висок крвен притисок

Изгледа дека еден од најлесните начини да се забележи хипертензија или висок крвен притисок е преку рутинската проверка на очите. Тој многу лесно се забележува во малите и деликатни крвни садови во очите. Како што се зголемува крвниот притисок, така очниот лекар ќе почне да забележува стеснување на артериите во очите. Доколку оваа состојба подолго време постои, артериите во очите можат да добијат и сребрена или бакарна боја.

Висок холестерол

Високиот холестерол може да создаде насобирање на камен на ѕидовите на крвните садови, резултирајќи со згушување на артериите во телото. Ова исто така може да се случи и во очите, создавајќи лесен знак кој очниот доктор може веднаш да го забележи. Тој може да го види холестеролот кој е насобран во задниот дел од окото, како и во предниот дел, кој изгледа како тенка и сива рамка околу рожницата.

(3) 4 неочекувани нешта кои очниот доктор може да ги открие за вашето општо здравје


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар