4 навики на будистичките монаси кои се тешки, но можат целосно да ви го променат животот

4 навики на будистичките монаси кои се тешки, но можат целосно да ви го променат животот

Дали некогаш сте се прашале како живеат будистичките монаси и кои навики ги прават толку смирени? Некои од нивните навики се невообичаени и можеби се тешки за совладување, но доколку се потрудите, сè е можно.

4-naviki-na-budistichkite-sveshtenici-koi-se-teshki-no-kje-vi-go-promenat-zhivotot-kafepauza.mk

1. Надворешно чистење

Дали знаете дека Буда бил роден како принц? Да, тој можел да го помине целиот живот во огромна убава палата каде што сите работат за него. Но, тој не го направил тоа. Тој напуштил сè кога ја сфатил фрустрирачката природа на материјализмот. 2.300 години подоцна, будистичките монаси го прават токму тоа. Тие поседуваат многу малку материјални нешта и ги чуваат само оние работи кои им се неопходни за живот. Најчесто сето ова го собира во мал ранец. Тие исфрлаат речиси сè што е материјално од нивниот живот.

2. Внатрешно чистење – грижа за другите

Во многу будистички кругови, монасите учат да не прават работи за себе, туку за целиот свет. Кога медитираат, тоа е за доброто на сите. Тие се обидуваат да постигнат просветлување и да го достигнат нивниот целосен потенцијал за да можат да им помагаат на другите. Кога ќе го развиете овој несебичен став, помалку ќе се фокусирате на личните проблеми. Нема да се тревожите за ситни проблеми и вашиот ум ќе биде посмирен. Ова е наречено внатрешно чистење – правење место за другите и исфрлање на себичните навики.

3. Многу медитирање

Една од причините да станете свештеник е времето за медитирање. Многу од монасите се будат рано и медитираат од 1 до 3 часа, а истото го прават и навечер. Оваа навика го менува мозокот. Ако имате читано и најмалку за придобивките од медитацијата, знаете за што станува збор. Не мора да го следите овој строг распоред, но што ако го почнувате денот со медитација?

4. Следење на мудрите

Ние често имаме нездрави врски со постарите. Но будистичките монаси ги посетуваат старите луѓе барајќи мудрост од нив. Тие бараат постари духовни водачи кои ќе им помогнат на нивниот пат. Ако разгледате наоколу сигурно има многу луѓе од коишто можете да научите. Постарите имаат повеќе искуство што значи дека можат да ви понудат безброј животни лекции.

Прочитајте ги и овие 18 правила за живеење според Далај Лама!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар