4 намирници за рамен стомак

4 намирници за рамен стомак

Според нутриционистите, одредени намирници можат да ви помогнат не само да го започнете денот на најздрав можен начин туку и за кратко време да ја постигнете посакуваната фигура со рамен стомак благодарение на нивните нутритивни вредности и фактот дека брзо согоруваат маснотии.

4 намирници за рамен стомак

Бобинки

Без разлика дали сакате малини, капини, боровинки, јагоди или брусница, нема да погрешите. Ако, на пример, изберете брусница, сигурно сте на вистинскиот пат до губење на вишокот килограми и добивање енергија, бидејќи оваа таканаречена суперхрана содржи многу антиоксиданси. Додавањето свежи бобинки во смути или овесна каша е паметен избор бидејќи таквиот оброк содржи многу малку калории. Само една чаша боровинки ќе ви обезбеди многу диетални влакна и 25% од препорачаната дневна вредност на витамин Ц.

Чиа семе

Чиа семето е исклучително богато со хранливи материи, содржи омега-3 масни киселини, калциум, магнезиум, манган и растворливи влакна. Истражувањата покажале дека вклучувањето на растворливи влакна во вашата исхрана може да придонесе за значително губење на тежината. Освен тоа, чиа семето содржи и голема количина на протеини кои го намалуваат чувството на глад во текот на денот.

Јајца

Друга суперхрана за појадок, полна со хранливи материи, и која може да се подготви на многу различни начини. Јајцата се богати со хранливи материи и минерали кои се исклучително корисни за нашето здравје, а содржат и голема количина на протеини кои согоруваат масти.

Авокадо

Авокадото е богато со калиум, фолна киселина и витамини Ц и К, а токму поради тоа е идеалната намирница за вашиот прв оброк. Освен тоа, авокадото содржи и големи количини на влакна и незаситени масти, кои се корисни за здравјето на срцето, а ви помагаат и да останете сити подолго време.

Откако ги прочитавте советите на нутриционистите во поглед на одредени намирници, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници можат да ви помогнат полесно да се справите со летните горештини.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар