4 начини да се разбудите свежи и да се подготвите за новите работни победи

4 начини да се разбудите свежи и да се подготвите за новите работни победи

Секој би сакал да се разбуди свежо и наспано и со насмевка да се соочи со почетокот на новиот работен ден. Но, поради нашите секојдневни навики и честопати погрешните одлуки, како што се лошата исхрана и недоволното спиење кои ја отсликуваат нашата негрижа за сопственото здравје, ние се будиме со главоболки и со чувство дека не сме способни да функционираме надвор од креветот. За среќа, постојат неколку едноставни начини да го промените тоа и успешно да се подготвите за новите работни проблеми.

4 начини да се разбудите свежи и да се подготвите за новите работни победи

1. Јадете повеќе хранливи влакна

Заменете го шеќерот и мастите со житарици богати со хранливи влакна, овошје и зеленчук. Не само што полесно ќе заспивате, туку ќе имате и помирен, длабок сон кој ќе ве подготви за претстојниот ден. Истражувањата покажуваат дека дури и 1 ден со подобра исхрана може да резултира со подобар сон.

2. Променете ги сијалиците

Енергетски ефикасните сијалици се можеби подобри за околината, но се пречка за спиењето и во таа смисла можат повеќе да ве загрозат отколку обичните „жолти“ сијалици. Доколку можете да си дозволите, земете го во предвид и паметното LED осветлување, кое преминува од благо и свежо бело утринско светло на благо портокалово светло пред спиење.

3. Исфрлете го правилото „8 часа сон“

Спротивно на популарните верувања, експертите велат дека нашиот сон е добро да варира. Националната фондација за подобро спиење вели дека луѓето можат да спијат од 7 до 9 часа. 8 часа е просек за повеќето луѓе, особено за оние кои имаат потешкотии да заспијат. Но, новите истражувања сугерираат дека 7 часа сон е всушност идеално за вашите оптимални когнитивни функции.

4. Исфрлете го будилникот

Вашиот мозок доживува стрес кога ќе го разбуди силниот звук на алармот. Се препорачува да спиете со кренати ролетни за да ве разбуди сонцето или пак, музиката на алармот да биде звуци од природата, како што е пеењето на птиците или паѓањето на дождот. Студиите покажуваат дека благата изложеност на светлина ја подобрува будноста, ги зголемува менталните и физичките перформанси и го подобрува расположението.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар