4 чекори со чија помош можете засекогаш да се ослободите од секојдневните опсесии

4 чекори со чија помош можете засекогаш да се ослободите од секојдневните опсесии

Опсесиите се несакани мисли кои вие едноставно не можете да ги контролирате. Тие најчесто се проследени со компулсии, еден вид ритуали кои ви помагаат да го намалите ефектот на овие несакани мисли. На пример, една личност може да е опседната со идејата дека насекаде околу неа има бактерии, па токму затоа постојано чисти со цел да ги уништи.

4 чекори со чија помош можете да се ослободите засекогаш од секојдневните опсесии

Луѓето чии опсесии почнуваат да им влијаат на секојдневното функционирање можат да предизвикаат еден вид психолошко нарушување познато како опсесивно-компулсивно растројство. Доколку забележувате дека одвреме-навреме ве напаѓаат вакви мисли, вие можете да влијаете врз нив и да ги спречите да прераснат во нешто поголемо и посериозно. Според психологот Шила Вуди и нејзините соработници, вие можете многу да си помогнете на себеси доколку во тие ситуации ги следите следниве 4 чекори…

Чекор #1 – Идентификувајте ги областите во животот кои ви предизвикуваат стрес

Што се случува со вас во овој момент? Постои ли нешто што ве вознемирува? Дали можеби сте изгубиле некој или нешто што ви било многу важно? Дали имате потешкотии на работа? Дали плаќањето сметки почнало да станува проблем? Направете листа од сите оние нешта кои ви предизвикуваат стрес во животот и не ги заборавајте дури ни оние кои ви изгледаат безначајни, а потоа убаво прочитајте ја листата и обидете се да сфатите кои од нив ви се најголем проблем.

Чекор #2 – Научете неколку основни техники на релаксирање

Наједноставната форма на опуштање вклучува згрчување на телото, а потоа постепено опуштање со цел да им покажете на вашите мускули како да се релаксираат. Друг начин на кој можете да го постигнете ова е преку дишењето. Затворете ги очите и фокусирајте се на вашето дишење, а потоа почнете полека да го забавувате. Со секое вдишување вие внесувајте мир во вашето тело. Исто така можете да се обидете да си визуализирате спокојна сцена во вашите мисли, како и да пуштите мирна и медитативна музика. Според Вуди и нејзините соработници, доколку научите како да се опуштате, вие ќе бидете посамоуверени при преземањето контрола врз вашите опсесивни мисли.

Чекор #3 – Научете како да се справите со интерперсоналниот стрес

Овој метод на справување со стресот е базиран врз идејата дека интерперсоналниот стрес (на кратко, комуникацијата со другите луѓе) е најтежок за справување. Токму затоа психотерапевтите им помагаат на своите клиенти да ги зајакнат нивните способности да се справат со критика, да решаваат конфликти и да станат малку понаметливи при остварување на своите цели. Тие веруваат дека е многу важно да им помогнат на своите клиенти да се справат со другите така што ќе си помогнат со дел од себе, наместо да се плашат од своите лични мислења или однесувања. Погледнете ја вашата листа од чекор 1 и фокусирајте се на оние проблеми кои се интерперсонални со цел да можете да им обрнете повеќе внимание.

Чекор #4 – Станете ефективен менаџер на времето

Доколку научите како поефективно да го организирате вашиот живот, вие ќе бидете многу поуспешни во нештата кои ги правите. Колку поефективно го распределувате вашето време, толку поуспешни ќе ги бидете во вашиот професионален, но и приватен живот, а со тоа и ќе ги намалите шансите за неизвршување на вашите секојдневни обврски. Вратете се повторно на листата од чекор 1, погледнете кои проблеми се настанати поради вашето лошо организирање на времето и обидете се однапред да подготвите план кој ќе ви помогне да бидете поефикасни при нивното завршување.

На кратко, доколку сте свесни за сите оние нешта кои ги предизвикуваат вашите опсесивни мисли, вие ќе можете полесно да се справувате со нив.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар