30 нешта што можете да ги научите за 30 дена без социјални мрежи

30 нешта што можете да ги научите за 30 дена без социјални мрежи

Една девојка решила да помине 30 дена без социјални мрежи. Без Снепчет, Инстаграм, Фејсбук или што било слично. Таа научила неколку работи за животот, пријателството, созревањето, но и за самата себеси.

30 нешта што можете да ги научите од 30 денови без социјални мрежи

1. Животот е скапоцен. Кршлив е. Важно е да препознаете што е важно, а што не.

2. Важно е да бидете благодарни за времето што го имате со луѓето.

3. Не е важно ако другите ве сакаат, важно е дали вие се сакате.

4. Луѓето кои не треба да бидат во вашиот живот обично самите се отстрануваат.

5. Знаете дека сте созреале и сте се посветиле на љубовта кон себе, кога туѓиот успех и среќа ве прават среќни наместо љубоморни.

6. Ретко ќе промените нечие мислење на дебатите на социјалните мрежи. За важните нешта се разговара во живо.

7. Мора да преиспитувате сè што ве научиле, дури и вашите родители. Вашата вистина зависи од вас и ја бара вашата љубопитност.

8. Важно е да поминувате време сами со себе.

9. Важно е да се помирите со себе, со она што е внатре во вас, со вашата душа, карактер, чувства, размислувања.

10. Најчистиот вид слобода што можете да ја имате е можноста да бидете тоа што сте.

11. За да имате толеранција, треба да ги цените разликите. Треба да разберете дека разновидноста не мора да значи неповрзување.

12. Должни сте кон себе да ја создадете вашата вистина.

13. Кога сте присутни во моментот, времето минува многу побавно.

14. Кажете им на луѓето што ги сакате дека ги сакате додека можете.

15. Нема ништо лошо да поставите граници со семејството, дури и ако тоа значи целосно да се оддалечите од нив.

16. Само затоа што пријателите не ве бараат секој ден, не значи дека не ве сакаат.

17. Ако научите да ги регулирате вашите емоции ќе спречите многу непотребни конфликти во животот.

18. Дозволено е да се менувате, да еволуирате и да станувате нови толку пати колку што ви е потребно.

19. Само затоа што другите размислуваат на одреден начин, не значи дека тој е правилен или дека вие треба да се менувате.

20. Внимавајте каде ја трошите вашата енергија.

21. Слушајте повеќе отколку што зборувате.

22. Грижете се за вашето тело. Здравјето никогаш не треба да го занемарувате.

23. Во ред е да не одговорите на одредени нешта.

24. Нема смисла да се обидувате да ги контролирате исходите или нештата што се надвор од вашата контрола.

25. Вашата најдобра верзија се менува од ден на ден.

26. Сакајте повеќе отколку што се жалите.

27. Најдете начин да ви биде удобно во сопствената кожа.

28. Правете нешта што ве плашат.

29. Формирајте подобро разбирање за светот и користете го за да се мотивирате, инспирирате и за да го најдете вашиот мир.

30. Молете се често, без разлика во што верувате. Наречете го ова момент на благодарност.

Погледнете ги и животните лекции што ќе ги научите од негативците во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар