30 мали, но клучни трикови за одржување на љубовта во вашата врска

30 мали, но клучни трикови за одржување на љубовта во вашата врска

На почетокот од љубовната врска, сите чувствуваат огромен наплив на позитивни емоции кои ги прават сите останати нешта неважни. Но, како што поминува времето, така и реалноста почнува да се враќа во вашиот живот, па доколку не работите активно на вашата врска, големи се шансите дека ќе ја изгубите љубовта. Токму затоа погледнете ги следниве едноставни и секојдневни трикови со чија помош ќе се погрижите постојано да бидете среќно заљубени во личноста покрај вас.

(1) 30 мали, но клучни трикови за одржување на љубовта во вашата врска

1. Бидете искрени за вашите емоции, потреби и лични размислувања.

2. Бидете добри еден кон друг со вашите зборови, дела и срца.

3. Кажувајте си сè, сите тајни, будалести нешта, непријатни приказни, сеќавања од детството и соништа за иднината.

4. Признајте ги грешките и тргнете го вашето его настрана, бидејќи тоа е единствениот начин да ја зајакнете вашата врска.

5. Бидете си најголемата поддршка и славете ги дури и најмалите постигнувања во животот.

6. Одржувајте ја почитта помеѓу вас, без разлика колку долго сте заедно.

7. Ослободете се од сите оние мали нешта кои ви пречат.

8. Не очекувајте совршенство и не се обидувајте да бидете совршени – прифатете се онакви какви што навистина сте.

9. Секојдневно наоѓајте нешта за кои можете да се смеете, без разлика дали ќе станува збор за филмови, приказни или домашни видеа.

10. Никогаш не ја губете страста во спалната соба – одржувајте ја жешка, страсна и иновативна.

(2) 30 мали, но клучни трикови за одржување на љубовта во вашата врска

11. Не престанувајте да се цените еден со друг, дури и за оние мали нешта кои луѓето најчесто ги земаат здраво за готово.

12. Одвреме-навреме правете нешто посебно еден за друг, испланирајте егзотичен одмор или пак, составете албум од вашите најубави спомени.

13. Бидете разиграни и посетувајте забавни паркови, караоке барови и најразлични журки.

14. Не се плашете да ја покажете вашата ранливост, бидејќи таа секогаш ќе биде оној дел од вас кој ве прави посилни и поспособни за вистинска љубов.

15. Секогаш обидувајте се да дадете повеќе од претходниот ден и правете го тоа без да очекувате ништо за возврат.

16. Бидете искрени за вашите маани и грешки, и секогаш кажувајте ги оние нешта кои се тешки за слушање.

17. Однесувајте се еден кон друг како најдобри пријатели – не чувајте лутина и секогаш бидете тука кога сте си најпотребни.

18. Помнете ги и најмалите детали, за подоцна да се сетите на сите оние нешта кои би можеле да го/ја насмеат.

19. Држете се за рака и гушкајте се, бидејќи не постои подобар начин за зацврстување на вашата емотивна поврзаност.

20. Имајте многу трпение, особено во тешките моменти.

(3) 30 мали, но клучни трикови за одржување на љубовта во вашата врска

21. Секогаш ставајте се на прво место и никогаш не заборавајте да се консултирате еден со друг кога станува збор за голема промена.

22. Никогаш не престанувајте да работите на себеси – колку сте посреќни во вашата кожа, толку посреќен ќе го направите и вашиот партнер.

23. Дозволете си го просторот кој ви е потребен, бидејќи на секој човек му потребно време за себе со цел да си ги наполни батериите.

24. Вклучете се во неговата или нејзината работа и бидете во тек со сите проекти или крајни рокови кои тие ги имаат со цел да можете да ја дадете соодветната поддршка.

25. Рекреирајте ги романтичните моменти како првиот состанок, првиот бакнеж, првиот пат кога сте кажале „Те сакам“…

26. Изгубете се заедно во друга држава, на нова авантура или на крстарење – одете некаде каде што никој не го знае вашето име.

27. Правете си мали изненадувања, рачно подготвени, со кои ќе си дадете до знаење дека сте постојано во вашите мисли.

28. Уживајте во тишината и почувствувајте ја вистинската дефиниција за удобност.

29. Вклучете го/ја во вашето семејство и дозволете им да бидат дел од него.

30. Секогаш одбирајте се еден со друг!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар