3 типа мажи – Лош, пристоен и неверојатен во 13 различи ситуации

3 типа мажи – Лош, пристоен и неверојатен во 13 различи ситуации

Момците може лесно да ги процениме ако обрнеме доволно внимание на нив. Обично тоа го дознаваме брзо, добрите момци се однесуваат како добри, а додека лошите дават сигнали на опасност. Се прашувате дали сте во врска со лошо момче и треба да избегате од него, со пристоен, кој заслужува да му дадете шанса или пак со неверојатниот со кој можете да се замислите до крајот на својот живот? Еве како тие се однесуваат во 13 различни ситуации.


3-tipa-mazhi-losh-pristoen-i-neverojaten-vo-13-razlichi-situacii-kafepauza.mk

1. Кога прв пат се запознавте и откривте дека постои хемија помеѓу вас…

Лошиот: Сè што сака е да ги соблече вашите гаќички истата вечер.

Пристојниот: Ќе биде среќен ако успее во тоа, но сепак тоа не е неговата цел, тој исто така мисли дека вие сте навистина забавна.

Неверојатниот: И тој го сака истото, но се плаши дека така би ги влошил односите со вас, па ќе го побара вашиот број и ќе ви се јави да направите план за повторно да излезете.

2. После првиот состанок…

Лошиот: Ќе ви напише една или две бесмислени пораки, а потоа ќе исчезне. Но ќе се врати кога ќе има потреба од вас.

Пристојниот: Ќе ви напише порака, која нема да биде доволно јасна, но отприлика би била нешто во стилот да се видите повторно.

Неверојатниот: Ќе лежи до вас во креветот, а може и да ве одведе на појадок.

3. Кога треба да правите заеднички планови…

Лошиот: Не прави планови, тој едноставно се појавува сам, најчесто доцна во ноќта.

Пристојниот: Остава плановите да се одвиваат по природен пат.

Неверојатниот: Ви пишува секој ден за да дознае кога сте слободни. Не зема ништо здраво за готово.

4. Кога сте излезени заедно…

Лошиот: Tој не излегува со вас (освен ако не добие нешто таа вечер).

Пристојниот: Лесно е да сте излезени со него. Нему му се допаѓа да ве има околу себе.

Неверојатниот: Создава прилики за да излезете со него и ќе направи да се почувствувате како да нема друго место на кое би сакал да биде.

5. Како се однесува со вас кога е со неговите пријатели?

Лошиот: Ве третира како секоја останата девојка.

Пристојниот: Се  однесува кон вас со почит.

Неверојатниот: Им става на знаење дека вие сте негова девојка.

6. Кога му пишувате СМС, а тој е зафатен…

Лошиот:  Нема да ви одговори.

Пристојниот: Можеби нема да ви одговори, но ќе ви се јави подоцна да ви се извини и да ви објасни.

Неверојатниот: Ќе потроши 5 секунди да ви напише „зафатен сум, но ќе ти се јавам подоцна, штом се ослободам“.

7. Кога ќе почнете да зборувате за вашата врска и работите што ги сакате…

Лошиот: Ќе проба да ве замолчи.

Пристојниот: Можеби ќе се мршти, но ќе ве сослуша.

Неверојатниот: Ќе се вклучи во разговорот, иако тој не сака да го има.

8. Кога ќе му кажете дека тој прави нешто лошо (пр. постојано доцни)…

Лошиот: Ќе се брани и ќе ве натера да мислите дека всушност вие имате проблем.

Пристојниот: Ќе проба да се поправи, но можеби ќе треба да го опоменете неколку пати.

Неверојатниот: Ќе се промени.

9. Кога станува збор за енергијата што ја носи во вашиот живот…

Лошиот:  Поради него се чувствувате излудени.

Пристојниот: Покрај него се чувствувате удобно.

Неверојатниот: Со него се чувствувате среќно и сигурно.

10. Кога доаѓа до интимни моменти…

Лошиот: Има секс со вас.

Пристојниот: Спие со вас.

Неверојатниот: Води љубов со вас.

11. Како се однесува со другите жени?

Лошиот: Флертува со секоја друга.

Пристојниот: Можеби погледнува по други, но нема да направи ништо.

Неверојатниот: Се фокусира само на вас.

12. Кога ќе дојде време за врската прејде на повисоко ниво…

Лошиот: Не сака работите да се менуваат, добро му е да ве има само за секс.

Пристојниот: Делува дека може да има врска со вас.

Неверојатниот: Тој е едноставно тука за вас.

13. Кога ќе бидете веќе подолго време заедно…

Лошиот: Престанува да се труди.

Пристојниот: Може да ве зема здраво за готово, но и тој ќе направи неколку напори.

Неверојатниот: Ќе ве цени повеќе и повеќе со тек на време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар