3-те најсилни природни антибиотици за коишто не ви требаат рецепти

Плодовите од природата отсекогаш се користеле за чување на здравјето и лечење од различни болести, додека поголемиот дел од лековите на модерната медицина се засноваат токму на корењата, лисјата, цветовите, плодовите и минералите што нè опкружуваат. Ако сакате на природен начин да ги победите најразличните болести и да го зајакнете имунитетот, тогаш побарајте помош од следниве 3 природни антибиотици.

3-те најсилни природни антибиотици за коишто не ви требаат рецепти

Масло од диво оригано

Ова магично масло се добива од лисјата на ориганото. Покрај фактот што миризбата и аромата на ориганото совршено се поклопуваат со голем број оброци, според истражувањата, маслото е моќен борец против инфекции за што е заслужна состојката позната како карвакрол. Доволна е многу мала доза од ова масло за да ги почувствувате неверојатните антибактериски својства против повеќе од 25 различни видови бактерии.

Дозирање: 1 до 4 капки, 3 пати дневно, во шолја чај или чаша сок.

Лук

Без разлика дали е дел од храната, во прав или сиров во салата, лукот е кралот на зеленчукот. Неговата богата арома и миризба го претвораат во силен зачин, кој истовремено има неверојатно моќни својства. Лукот е силен, природен антибиотик, што не ги уништува нашите здрави бактерии како што го прават тоа хемиските антибиотици. Тој на природен начин го забавува растењето на бактериите и успешно ги уништува вирусите и габите, па затоа е одличен во борба против настинка и грип.

Дозирање: 2 до 4 глави лук дневно како додаток во исхраната или салатата. Доколку не ви смета миризбата, можете да го јадете и сиров.

Лута пиперка

Црвената лута пиперка, што многумина ја знаат и како чили, е важен дел од азиската историја, како во кулинарството, така и во традиционалната медицина. Овој едноставен лут зачин, со дискретен вкус, се согласува со многу различни видови храна и десерти, а најмногу се користи сушен, во облик на прав. Лутата пиперка носи голем број здравствени придобивки, додека пак во ајурведата и кинеската медицина се користи како аналгетик против болки со антибактериско дејство, како и против воспаленија.

Дозирање: Неколку исечени кругови како додаток на исхраната, или изрендани во шолја чај или чаша сок.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар