3 растенија што носат среќа, љубов и здравје

3 растенија што носат среќа, љубов и здравје

Пролетта е идеално време да внесете нови растенија во вашиот живот и во вашето опкружување. Чудотворните растенија им се омилени на сите што сакаат да внесат позитивна енергија во својот дом и да привлечат среќа, љубов, пријателство и здравје. Легендите и книгите откриваат интересни приказни за скриената намена на растенијата со кои се среќавате секој ден. Овие растенија можете да ги засадите сами во вашата градина или да им ги подарите на пријателите и на тој начин да внесете здравје, среќа и сила во вашиот живот.

Лале

3 растенија што носат среќа, љубов и здравје

Лалињата придонесуваат за просперитет и богатство, а порано се користеле за размена, односно за плаќање за друга стока. Тие потекнуваат од Турција, а на крајот на 16-тиот век пристигнале во Холандија, која денес се смета за земја на лалињата, па жителите на оваа земја во 17-тиот век биле зафатени од вистинска лаломанија – секој сакал да ги засади и да ги негува.

Бршлен

3 растенија што носат среќа, љубов и здравје

Ова лековито растение помага во спречување на некое болести и се користи за лекување и рехабилитација, а најдобро функционира при проблеми со бубрезите и жолчката, кашлица и иритации на кожата. Не се пие во форма на чај затоа што е отровен, но лисјата може да се стават на плускавците и да се отстранат по 48 часа.

Легендата вели дека Тристан и Изолда биле погребани на спротивните краеви на црквата, но двата бршлени што почнале да растат покрај нивните гробови повторно се соединиле на покривот.

Каранфил

3 растенија што носат среќа, љубов и здравје

Ова растение се смета за симбол на љубовта, пријателството и плодноста. Во литературата, црвените каранфили честопати се поврзуваат со љубовта и се верува дека нивното присуство ги поттикнува страста, заедништвото и благосостојбата.

Прочитајте како да ја украсите дневната соба со растенија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар