3 работи кои никако не смеете да ги правите пред вашето момче

Да можете да се опуштите и да бидете она што сте пред саканата личност е една од најдобрите работи во врската. Но, дури и кога ќе се навикнете еден на друг, постојат одредени работи кои не би требало да ги правите пред него. Самоуверената жена е многу попривлечна отколку онаа која не се почитува себеси. Затоа коментарите што ги кажувате за себе нека бидат само позитивни и оптимистични.

1-3-raboti-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-pred-vasheto-momche-www.kafepauza.mk_

1. Не смеете да се омаловажувате

Да бидеме искрени, сите ние сакаме комплименти. Но, понекогаш за да ја добиеме потребната афирмација, односно комплиментите кои ни се потребни за да се чувствуваме добро, почнуваме да се омаловажуваме себеси. Кога постојано зборувате негативни работи за себе, кога-тогаш вашиот партнер ќе започне да ги доживува како вистинити, без разлика дали тие се вистина или не. Но, и вие со текот на времето ќе бидете целосно уверени во тоа. Самоуверената жена е секогаш привлечна. Затоа секогаш кажувајте позитивни коментари.

2. Не смеете да се сомневате во себе

Жените честопати се (неправедно) критикувани дека се неодлучни. Иако е сосема во ред да бидете несигурни за некои работи, ненадејната промена на вашето мислење во врска со важните работи најчесто не е добра работа. Избегнувајте ги ненадејните одлуки и дајте си доволно време за добро да размислите за донесената одлука за да не дојдете во искушение да ја промените повторно. Не плашете се да стоите зад своите одлуки.

3. Не ја критикувајте неговата машкост

Можеби вашиот сакан маж не е најдобар во работите кои треба да ги заврши во домот или не е доволно физички јак. Тоа не значи дека морате постојано да го потсетувате на тоа. Таквите шеги на негова сметка може да направат поголема штета отколку корист и да ја разнишате неговата самодоверба. Вашите зборови имаат голема моќ, а убавите зборови секогаш може да ви ја подобрат врската или бракот.

Доколку сакате да ја подобрите вашата врска или брак, кажете му некоја од овие слатки изјави со кои можете да му го украдете срцето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар