3 пролетни модни комбинации за на работа

Што да облечете за на работа, а да не бидете здодевни? Како да ги почитувате правилата за облекување, а сепак да се истакнете? Веројатно често си ги поставувате овие прашања додека ја барате совршената модна комбинација за на работа. За утро без паника, пробајте некоја од следниве 3 модни комбинации.

1. Со црвено никогаш нема да погрешите

3 пролетни модни комбинации за на работа

Ако постои боја која автоматски го подобрува расположението, ви ја враќа енергијата и ви го поправа денот, тоа е црвената. Малку црвено во вашата деловна модна комбинација ќе ѝ додаде доза живост. Можете да одберете црвена кошула и впечатливи црвени балетанки наместо рамни салонки.

2. Играјте си со боите

3 пролетни модни комбинации за на работа

Оваа пролет е во знакот на живите бои кои слободно можете да ги носите и на работа. Костимите во боја никогаш не биле попопуларни. Слободно одберете ја омилената боја и мудро искомбинирајте ја. Кога станува збор за чевлите, кога ќе земете предвид дека треба да работите 8 часа, најдобро е да одберете удобни кожни чевли. Панталоните од костимите не изгледаат добро само со салонки, па слободно комбинирајте ги со патики, мокасини, сандали или балетанки.

3. Принтови

3 пролетни модни комбинации за на работа

Точките, карираните и животинските принтови се последниот тренд кој можете многу лесно да го вметнете во вашата деловна модна комбинација. Доколку сте романтични, слободно одберете миди фустан со точки и дополнете го со сако. Со оваа комбинација одлично ќе стојат балетанките со отворена пета, кои исто така се хит оваа сезона. Целата комбинација завршете ја со романтична сламена торба и без сомнение ќе направите комбинација со некои од најпопуларните пролетни трендови.

Погледнете ги и овие модни комбинации за поголема самодоверба на интервју за работа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар