3 пијалаци кои ќе ви помогнат подобро да заспиете и да се ослободите од вишокот килограми

3 пијалаци кои ќе ви помогнат подобро да заспиете и да се ослободите од вишокот килограми

Немирниот и плиток сон има силно влијание врз состојбата на нашиот организам. Токму поради тоа неспиењето е поврзано се дебелеење и зајакнување на апетитот, хормонални нарушувања, лошо расположение и покачено ниво шеќер. Освен стресот и разните здравствени проблеми, на сонот влијаат и секојдневните прехранбени навики, посебно храната и пијалаците кои ги консумираме пред спиење.

3 пијалаци кои ќе ви помогнат подобро да заспиете и да се ослободите од вишокот килограми

Познато е дека пиењето пијалаци кои содржат кофеин и големи количини шеќер пред спиење може да предизвика несоница. Но, исто така постојат и пијалаци кои имаат сосема спротивен ефект и освен што можат значително да го подобрат спиењето, го регулираат нивото на шеќерот во крвта и можат да ви помогнат да ги согорите маснотиите во телото.

1. Млеко

Млекото се користи како своевиден апаурин пред спиење уште од памтивек. Тоа може да ви помогне подобро и побрзо да заспиете, а добриот сон значи и помал апетит. Исто така, оние личности кои се физички активни ќе имаат голема корист од протеините од млекото кои бавно се разградуваат и го хранат мускулното, а не масното ткиво.

Резултат: Поефикасно ослободување од непотребните и штетни масти.

2. Чај од камилица

Шолја топол чај од камилица пред спиење делува како средство за смирување. Камилицата го поттикнува создавањето на глицинот – невротрансмитер кој го опушта нервниот систем и делува како благ седатив. Чајот од камилица ја регулира и телесната температура и нивото на шеќер во крвта.

Резултат: Опуштено тело, мирен дух и брз метаболизам.

3. Сок од грејпфрут

Иако овошните сокови не се препорачуваат пред спиење, сокот од грејпфрут е исклучок. Само 100 милилитри од овој природен сок може да ви помогне дури и во текот на ноќта да ги согорувате маснотиите. Горчливиот пијалак го регулира биолошкиот дневен ритам, а антиоксидансите од плодот ја претвораат белата маснотија која ги собира калориите во кафеава маснотија која ги троши калориите.

Резултат: Поголема енергија, засилено трошење калории и намалување на масното ткиво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар